Леден бран ја зафати Канада

January 19, 2024
1 min read

ТОРОНТО (АА) – Голем дел од Канада е зафатен од леден бран, кој во период од неколку дена донесе ниски температури, врнежи од снег на одредени места и леден дожд, јавува Анадолу.

Во некои подрачја постои висок ризик од создавање заледување. Бурата донесе разни потешкотии.

Службата за метеорологија на Канада издаде предупредување за леден дожд во Долината Фрејзер. Ледениот дожд ќе продолжи да паѓа и денес, а потоа ќе премине во дожд.

Власта предупреди на исклучително лизгави патишта и апелира до возачите да бидат внимателни.

Во Торонто многу ниските температури создадоа заледени површини опасни за пешаците. Во овој канадски град максималната температура на воздухот денес ќе изнесува -7 степени Целзиусови, а минималната -14. Ледениот бран ќе продолжи во сабота, кога се очекува максималната температура да достигне -8 степени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемен број на починати лица од Ковид-19 во Грција

Следно

УНИЦЕФ: Газа е најопасното место на светот за децата

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop