ЛДП: Со пари на народот го направија скопскиот аеродром единствен негативен преседан во целиот регион

August 25, 2026
1 min read

Владата на ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе се бори против монополите и дека ќе се залага за пазарна диверзификација, а го направи токму спротивното. Со пари извадени директно од џебот на даночните обврзници, наместо да градат отворен пазар со долгорочни пониски цени на авиобилетите, тие финансираат тотален монопол во кој една унгарска приватна нискобуџетна компанија контролира над 60 проценти од пазарот, оценуваат од ЛДП.

Според оваа партија, додека сведочиме за вистински егзодус на реномираните европски и традиционални превозници од скопскиот аеродром, државните средства се користат за одржување на состојба во која граѓаните остануваат без вистински избор.

„Ниту еден друг главен град или аеродром во регионот не би си дозволил да се доведе во ваква монополска опасност. Ниту Тирана, ниту Приштина, ниту Софија, Сараево, Подгорица, Љубљана или Сплит, а уште помалку развиените центри како Белград, Загреб, Солун, Атина или Букурешт го немаат препуштено својот авиосообраќај на еден странски нискобуџетски превозник.

Регионалните соодноси јасно ја покажуваат погубноста на оваа домашна политика: Приштина има и повеќе патници од Скопје и вистинска диверзификација каде што со паметни такси се привлечени над десет компании и ниту еден превозник нема повеќе од 28 проценти пазарен удел; Софија и Тирана преку силна конкуренција меѓу Визер (Wizz Air) и Рајанер (Ryanair) обезбедија реална ценовна војна и пад на цените на картите; додека Белград, Загреб, Атина, Солун, Букурешт и Љубљана го заштитија својот пазарен плурализам со комбинација од национални, мрежни и повеќе нискобуџетни авиокомпании“.

Македонија, додават од ЛДП, е претворена во осамен остров и единствен негативен пример во соседството каде државата финансира пропаднат сообраќаен модел. Оваа пракса, парите на граѓаните да завршуваат кај еден повластен монопол и тоа во Унгарија, истакнуваат од таму, е исклучително опасна и мора веднаш да се спречи.

„Секој монопол е штетен. Време е конечно да ја прекинеме оваа опасна игра на Владата задскриена за манипулативни ПР-соопштенија и преку итна и вистинска диверзификација да обезбедиме реална пазарна конкуренција, пониски цени и квалитет во авионскиот превоз во Македонија“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што навистина купуваме? По случајот во Косово, време е внимателно да ги читаме декларациите

Следно

САД: „Сирија е отстранета“

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop