Лазаров: Имаме млада, но талентирана репрезентација која е се подобра и подобра

May 3, 2024
1 min read

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред бараж двомечот со Фарските острови за Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашите ракометари ќе се обидат да стигнат до нова мундијалска виза и да го задржат континуитетот од настапи на големите натпреварувања.

Селекторот Кирил Лазаров пред двомечот вели дека го почитува противникот, но дека се почитуваат и самите себе и верува дека ќе може да стигнат до ново големо натпреварување.

– По ждрепката кажавме дека можеме да имаме и подобра, но и полоша ждрепка. Фарски Острови се квалитетна репрезентација која е во подем и тоа го знаат сите кои што се упатени во ракометот. Мораме многу сериозно и фокусирано да ги одработиме овие подготовкие за да се прикажеме во најдобро светло во овие бараж мечеви. Анализите кои ги направивме покажаа дека во секој сегмент во играта знаат што прават и мора да се посветиме, изјави Лазаров.

Додаде дека верува во нашите ракометари и во нивниот квалитет.

– Имаме млада, но талентирана репрезентација која како поминува времето е се подобра и подобра. Ќе биде незгодно на гости бидејќи имаат мала сала која ќе биде преполна, па затоа ќе мора психички да се подготвиме за тој меч. Имаме максимален почит кон противникот, но се почитуваме и самите себе. Сметам дека шансите се подеднакви, но верувам дека имаме доволно квалитет да можеме да им се спротиставиме, вели Лазаров.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Непречен сообраќај денеска на мостот Беласица

Следно

ПРКОС: Градинарска билка која цвета преку цело лето, а кога е облачно се затвора

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop