Лазарини: УНРВА има средства до крајот на август

June 25, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Шефот на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (UNRWA), Филип Лазарини, денес го истакна недостатокот на средства, велејќи дека Агенцијата има средства до крајот на август, јавува Анадолу.

Лазарини на прес-конференција во Женева рече дека мислел на редовниот буџет, кој е „’рбетот“ на организацијата која има 30.000 вработени.

„Имаме готовина до крајот на август и во суштина сѐ уште имаме недостиг од околу 100 до 140 милиони долари за да стигнеме до крајот на годината“, рече Лазарини.

Зборувајќи за финансирањето на итните апели, Лазарини рече дека на окупираната палестинска територија се финансираат со 15 до 18 отсто, додека во Сирија се финансираат со околу 15 отсто.

„Тоа е недоволно, што нѐ спречува, на пример, да дистрибуираме пари или храна во Сирија и Либан и во Газа“, рече Лазарини.

Шефот на УНРВА го гледа следниот донаторски настан во Њујорк на 12 јули како можност за добивање нови придонеси.

„Агенцијата е пропорционално помалку финансирана во својот редовен буџет отколку во овој период минатата година“, рече Лазарини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најскапи градови за живот во 2024 година

Следно

Осум нови пратеници седнаа во собраниските фотелји

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop