Лазаревски останува во Вардар до 2026 година

January 24, 2024
1 min read

Пикерот Милан Лазаревски ќе остане во Вардар најмалку до 2026 година откако и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“. Повеќекратниот македонски првак и македонскиот репрезентативец соработуваат две години, а клубот беше задоволен од настапите и двете страни брзо се договорија за продолжување на верноста.

Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 27 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се наметна и во македонската репрезентацијата. Настапи на Европското првенство што се одржува во Германија.

– Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар. Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи. Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице. Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна, изјави Лазаревски.

Извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор со Лазаревски.

– Драго ми е што тој го препозна она што ние го работиме во клубот, и сигурен сум дека заеднички ќе ги оствариме сите наши зацртани цели за оваа сезона. Можам да потврдам дека 90 отсто од играчите имаат долгогодишни договори, што укажува дека сакаме да бидеме стабилен тим и да го смениме сегашниот начинот на функционирање на клубовите во Македонија, и Вардар да биде позитивен пример за градење на долгорочни проекти, истакна Ристовски.

Во пролетниот дел од сезоната, во разигрувањето за титулата Вардар ќе стартува со три бода, и пред себе ќе има уште 14 кола, во обид за враќање на титулата, и за задржување на титулата во Купот на Македонија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Би поминале ли Том Вејтс и Боб Дилан на Звезде гранда?

Следно

Љубомир Јовески немал к’смет да стане уставен судија

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop