Лавров: Соработката меѓу Русија и Северна Кореја има „стабилизирачки ефект“ на евроазискиот континент

November 1, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека соработката меѓу Русија и Северна Кореја, а особено Договорот за стратешко партнерство имаат „стабилизирачки ефект“ на евроазискиот континент, јавува Анадолу.

Говорејќи на средбата со неговата севернокорејска колешка Чое Сон Хуи во Москва, Лавров рече дека договорот меѓу двете земји ја поставува основата за продлабочување на соработката во сите сфери.

„Условите на договорот веќе се спроведуваат за доброто на народите на нашите земји, стабилноста на Корејскиот Полуостров, во североисточна Азија и на евроазискиот континент како целина“, рече тој.

Договорот за сеопфатно стратешко партнерство беше потпишан за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја од 18 до 19 јуни. Документот предвидува развој на економските врски, воено-техничка соработка и заемна воена помош во случај на напад на една од страните.

Од своја страна, Чое, која пристигна во Русија во средата за да одржи „стратешки консултации“ со Лавров, рече дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изразил силна поддршка и помош за Русија и нејзиниот народ, „без да гледа назад на никого“ од самиот почеток на „специјалната воена операција“ во Украина.

„Ким Џонг-ун ни даде инструкции, без да гледаме назад кон никого, доследно и моќно да ја поддржуваме и да ѝ помагаме руската армија и рускиот народ во нивната света војна“, рече таа.

Чое Сон-хуи ги повтори зборовите на Лавров, велејќи дека договорот меѓу двете нации е веќе спроведен во пракса, нагласувајќи ја потребата од координирање на позициите и во иднина.

Осврнувајќи се на неодамнешните извештаи за лансирање на пробни ракети од Северна Кореја, министерката рече дека нејзината земја ќе продолжи да ги развива своите одбранбени способности.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анкета: Македонија се движи во позитивна насока

Следно

Македонскиот баскет тим четвртопласиран на Светската гимназијада во Бахреин

Latest from Blog

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот

Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Во текот на наредните денови, Чаби Алонсо официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид, почнувајќи од сезоната 2025/26, а мадридските медиуми веќе пишуваат за првите големи промени кои следат. Марка тврди дека

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на Европа, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше уникатен настан посветен на децата. Под мотото „Европа низ детските очи“, во Македонија
Go toTop