Лавина затрупа 57 работници во Индија, 16 спасени

February 28, 2025
1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Десетици луѓе се заробени откако лавина се случи во хималајската држава Утараханд во северна Индија, соопштија денес официјални лица, известува Анадолу.

Пушкар Синг Дам, главниот министер на Утараханд, изјави дека 57 работници на Организацијата за гранични патишта останале заробени по лавината.

„Шеснаесетмина се спасени, а спасувачките операции се во тек“, соопшти Синг Дам.

За инцидентот, Дам на социјалната платформа „X“ објави дека работниците биле „затрупани под лавината за време на градежните работи“ извршени од Организацијата за гранични патишта во близина на селото Мана, во државниот округ Чамоли.

Во северните индиски држави изминативе неколку дена паѓа дожд и снег.

Службата за метеорологија соопшти дека обилни снежни врнежи се забележани во повисоките делови на северот на Индија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Неказнивоста останува во заборав во Македонија и конечно законот важи еднакво за сите

Следно

Во Анкара се одржа конференција на тема „Турско-македонските односи“

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop