Латинската црква во Џенин претрпе штета од израелската офанзива

July 4, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Латинската парохија во Џенин претрпе штета од тековната израелска воена операција во палестинскиот град, соопшти денес Латинската патријаршија на Ерусалим, јавува Анадолу.

„Градот Џенин се соочува со невидена израелска агресија што ги има како цел луѓето и земјата“, се вели во соопштението на патријархот Пјербатиста Пицабала.

„Латинската парохија во градот претрпе штета од оваа агресија“, додаде тој.

Патријаршијата објави фотографии кои го покажуваат обемот на штетата.

Пицабала повика на итен прекин на огнот и „постигнување меѓусебен дијалог за да се спречат ваквите неоправдани злосторства“.

Израелската Армија во понеделникот ја започна својата најголема воена операција во Џенин во повеќе од 20 години, при што загинаа најмалку 10 Палестинци, а беа повредени повеќе од 100, објави палестинското Министерство за здравство.

Израелската офанзива се случи за време на зголемени тензии низ окупираниот Западен Брег во последните месеци, поради повторените напади на Израел во палестинските градови.

Според податоците на Министерството за здравство, речиси 190 Палестинци загинале од израелски оган од почетокот на оваа година. Најмалку 25 Израелци исто така го изгубиле животот во одвоени напади во истиот период.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека Украина го исклучила главниот далновод кон нуклеарната централа „Запорожје“

Следно

Само изнавозените електрични коли се зелени

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop