Лафчиски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во Прага

September 14, 2024
1 min read

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој е во тридневна работна посета на Чешката Република, во текот на денешниот ден учествуваше на редовната конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО, која се одржува во Прага.

Во рамки на конференцијата, информираат од Министерството за одбрана, генералот Лафчиски активно учествуваше на дел од сесиите од ова заседание во дискусиите за прашања кои се од стратегиско значење за Алијансата.

На отворањето на коференцијата поздравни обраќања имаа претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, претседателот на Чешката Република и поранешен претседавач на ВК, Петр Павел и началникот на Генералштабот на Вооружените сили(ВС) на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река.

Ministerstvo za odbrana

За време на првата сесија на началниците на генералштабовите беше даден осврт на спроведувањето на одлуките донесени од страна на сојузничките држави на Самитот во Вашингтон во јули оваа година. Додека Алијансата ја прославува 75-годишнината од своето постоење, лидерите на НАТО преземаат големи чекори за дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната, зајакнување на долгорочната поддршка за Украина и продлабочување на глобалните партнерства.

Командантот на Врховната Сојузничка команда за операции, генерал Кристофер Каволи ги брифираше началниците на генералштабовите за напредокот на имплементацијата на плановите, кои Алијансата ја прават посилна во одвраќањето и одбраната од било кој потенцијален противник. Како дел од пакетот за поддршка на НАТО за Украина, се разговараше и за формирањето на нова НАТО команда, која е дизајнирана да планира, координира и организира испорака на безбедносна асистенција.

Во третата сесија, врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација,генерал Филип Лавињ, ги информираше учесниците за напредокот на трансформацијата на начинот на војување на Алијансата во согласност со НАТО процесот за одбранбено планирање (NDPP).

Ministerstvo za odbrana

Меѓудругото началниците на генералштабовите разговараа за основањето на НАТО- Украина Центарот за заедничка анализа, обука и едукација (JATEC), важен столб на практичната соработка, за да се идентификуваат и применат лекциите од војната на Русија против Украина и да се зголеми интероперабилноста на Украина со НАТО.

Заклучоците од заседанието ќе бидат соопштени на попладневната заедничка прес-конференција на претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер и началникот на Генералштабот на ВС на Чешката Република, генерал-потполковник Карел Река.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно заседава во една од сојузничките земји членки.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Следно

Де Роси потврди дека Залевски е исфрлен од тимот на Рома

Latest from Blog

Морничав споменик од минатото- еве како изгледа политичката школа во Кумровец „Јосип Броз Тито“ (ВИДЕО)

Отворена во 1981 година со цел да се едуцираат идни партиски кадри, оваа масивна зграда беше симбол на моќта и идеолошката ориентација на тогашна СФРЈ. Млади комунисти од целата земја минуваа низ

Баерн се спаси во последната секунда, Дортмунд испушти победа во последната секунда

Чуден развој на настаните во денешното редовно коло во германскиот Бундес лига шампионат. Тимот на Баерн Минхем имаше за задача да освои бодови на гостувањето кај Унион Берлин. Работите не тргнаа како

Англија се соочува со најлошата суша во последните децении, се преземаат мерки

Англија моментално се соочува со најлошата суша во последните децении, што ги принудува владата и компаниите за водоснабдување да планираат мерки за зачувување на водните ресурси, соопштија официјални лица. Според менаџерите на

Алиу: Здравствениот систем на 21-от век се гради со дигитална инфраструктура која овозможува податоците да се движат заедно со пациентот

„Здравствениот систем на 21-от век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството “, порача министерот за здравство,

На Форумот во Атина, Божиновска разговараше за регионална енергетска интеграција

Можностите за нови интерконекциски врски и иницијативата на Бугарија за проширување на гасната инфраструктура во близина на македонската граница, биле дел од темите на билатералните средби на министерката за енергетика, рударство и
Go toTop