Лабудовиќ: Велат, СРЕЌА што Герасимовски бил во кабината кога е сликана ЈАХТАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ

October 28, 2025
1 min read

 

 

Дали се’ посериозните индиции за бизнис-поврзаност на градоначалниот на Центар, Горан Герасимовски, со фамилијата на Заеви и Венко Филипче излегуваат на виделина? Се погласните сомнежи ги потврди и Мирослав Лабудовиќ, кандидатот за градоначалник на општината, до кого допреле информациите за оваа градежно-тендерска бизнис асоцијација.

„На големо се зборува дека голем интерес за градба во Центар имаат струмичките бизнисмени, јас мислам дека ова е последното упориште на СДСМ за да продолжат со таа брутална градба. Глеаме по медиумите дека имаат и златни визи, дека градат и во Дубаи, не е чудо и Герасимовски да е дел од тој бизнис. Тоа ќе се дознае во иднина. Така и додека беше на власт бизнис семејството од Струмица не знаевме што бизниси тераа во Македонија, но откако ги сменивме излегоа после тоа работите на виделина“, посочи Лабудовиќ во „За или против“ со Љупчо Цветановски.

„ Така што има во последен период една, сега засега само шпекулација, која циркулира низ градот и која стигна до мене, ми кажуваат дека „среќа за Герасимовски што кога „бротчето“ поминувало крај јахтата во Грција (со Филипче и Заев на неа)“, кога сликале граѓаните, среќа што и тој кој бил на јахтата, бил внатре во кабината. Така што тоа е она што сега се зборува наголемо. А, каде има дим има и огин. Јас верувам дека постои некоја бизнис релација меѓу нив“ потенцира Лабудовиќ во Алфа.

Тој го обвини својот контркандидат со кого влегуваат во конечен дуел на 2.неомври дека од Општина центар направи рекодер во издавање градежни дозволи, што е лесно поради атрактивноста на Центар.

„Сите податоци велат дека Општина Центар е рекоредер во издавање на градежни дозволи. Но не знам кој ќе се всели во нив? Дали граѓаните гледаат на купување стан како на инвестиција? Многу станови поминавме во кампањата, премногу, и половина од нив се празни. Дури и повеќе од половина. Јас о мојот стан го гледам директно Лимак и можам да кажам дека само 5 или 6 станови светат навечер“, посочи кандидатот кој најави радикален прекин на насилната бетонизацијата на општината која „лице“ на Скопје и Македонија.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови училници и опрема во „Јане Сандански“ – Општина Битола со повеќе од 3 милиони денари инвестиции

Следно

За разликите меѓу ковид и настинката

Latest from Blog

Истрагата за полицајците во „Пулс“ запрена – Експертите критикуваат: Обвинението создава магла, не правда

Запрена е истрагата за 11 полицајци и раководители, кои беа сомничени во случајот „Пулс“ за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ со смртни последици. Одлуката од Обвинителството е донесена откако е проценето дека

Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Банка најтргувани – МБИ10 со раст од 0,40%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На денешната берзанска сесија од 29 јануари 2026 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,40%, достигнувајќи ниво од

Мицкоски: Почната е постапката и обезбедено е финансирањето за 150 електрични автобуси, со конкретни чекори работиме на намалување на аерозагадувањето

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со
Go toTop