Лабудовиќ: Плоштад Феникс – новото срце на Центар

October 30, 2025
1 min read

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен како плоштад на заедништвото, инспирацијата и животот. Проектот, кој го најави кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ, има за цел да создаде ново урбано и културно јадро што ќе ги поврзе луѓето и ќе ја врати гордоста на живеењето во Центар.

-Време е Центар да добие симбол кој ќе ги обедини сите. Го најавувам проектот Феникс – Плоштад на заедништвото! Нов, модерен и зелен простор што ќе биде симбол на новата надеж и иднината. Плоштад кој ќе ја раскаже приказната за Центар и центарци, изјави Лабудовиќ.

Новиот плоштад е осмислен како современ јавен простор каде ќе се среќаваат културата, уметноста и секојдневниот живот. Тој ќе биде место каде луѓето ќе се собираат, ќе слушаат музика, ќе гледаат уметнички изложби, ќе се дружат и ќе го чувствуваат духот на заедништвото што отсекогаш ја красело оваа општина.

Проектот „Феникс“ ќе никне во склоп на новата општинска зграда која ќе биде пример за еколошка, енергетски ефикасна и современа архитектура. Просторот ќе опфати подземен паркинг, уметничка галерија, прв детски креативен центар и бројни јавни содржини наменети за граѓаните, со цел Центар повторно да стане вистинско место за живеење, создавање и уживање.

-Феникс нема да биде само нов плоштад – тој ќе биде симбол на препородот на Центар. Со него, градиме место каде што културата, уметноста и заедништвото ќе живеат секој ден. Центар повторно ќе дише, ќе биде жив, модерен и горд, додаде Лабудовиќ.

Со оваа иницијатива, Центар добива повеќе од инфраструктурен проект – добива визија. Визија за град што се развива со идеја, се гради со почит кон луѓето и се движи напред со љубов кон својата заедница.

Плоштад Феникс е замислен како новото срце на Скопје – место што обединува, инспирира и потсетува дека Центар секогаш бил и ќе остане просторот каде што се раѓа духот на градот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: СДС во паника и очај – нападнаа наш поддржувач во населбата Карпош

Следно

Во уривањето на зграда во Турција загинаа родители и две деца!

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop