Курти: Собираме информации за тврдењата дека СПЦ е вмешана во шверц на оружје

July 5, 2023
1 min read

Британска пратеничка вчера излезе со тврдења дека со возила на итна медицинска помош од Србија во Косово се шверцува оружје и се остава во православните цркви. Од КФОР, пак, потврдија дека такво нешто било пријавено, но наведоа дека не биле пронајдени докази дека тоа се случувало

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека се собираат информации за тоа дали Српската православна црква (СПЦ) е вмешана во шверц на оружје во Косово, тврдење кое претходно го изнесе британска пратеничка.

„По состанокот со безбедносните институции, претставниците на НАТО и КФОР во текот на оваа недела, ќе бидат познати информации во врска со тврдењата дека во српските православни цркви во Косово се шверцува оружје“,

изјави Курти.

Ова доаѓа откако британската пратеничка и претседателка на Одборот за надворешна политика во британскиот парламент Алиша Кренс ја обвини СПЦ дека учествува во шверц на оружје од Србија во Косово.

Во говор во парламентот во Велика Британија вчера таа рече дека оружје од Србија се шверцува со возилата за итна медицинска помош и се истовара во православните цркви.

„Во владата се свесни, со војниците кои штотуку се вратија од служба во КФОР, дека оружје се шверцува со возила на итната помош до православните цркви. Кога нашите трупи се обидуваат да добијат дозвола да отидат таму, дозволите се чекаат предолго. До моментот кога ќе се добие дозволата, итната помош повторно се појавува во црквите и го вади оружјето“,

рекла Кренс, пренесоа вчера регионалните медиуми.

По ова, доцна синоќа со реакција се јавија од Рашко-призренската епархија од каде што наведоа дека станува збор за обвинување со кое се криминализира СПЦ, но и за тврдења кои се злоупотребуваат од одредени косовски медиуми за ширење верска и етничка омраза, што директно ги загрозува свештениците, монасите и верските објекти. Од епархијата побараат итно да се проверат наводите на пратеничката.

Од КФОР, пак, се огласија дека такво нешто било пријавено лани од Кралскиот фусилиски баталјон кој беше ангажиран да служи на северот на Косово за поддршка на мисијата.

„Наводното илегално присуство на оружје пријавено е во штабот на КФОР, но по истрагата за да се проверат наводите, не беа пронајдени докази за тоа што беше пријавено“,

соопштија од КФОР.

Оттаму додадоа и дека безбедносните институции на Косово се оние што се одговорни за владеење на правото во земјата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Песков: „Реална е заканата на Украина дека ќе ја нападне нуклеарната централа Запорожје со беспилотни летала или ракети“

Следно

Почина писателот и фотограф Владимир Плавевски

Latest from Blog

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев во Струмица донесе европски услови за младите фудбалери (ВИДЕО)

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop