Курти: Доколку Србија не биде казнета, ќе го повтори злосторството

September 28, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Премиерот на Косово, Албин Курти, денес го повика меѓународниот фактор да ја казни Србија поради нападите во Бањска во кои е убиен косовскиот полицаец, пренесува Анадолу.

„Србија треба да биде меѓународно санкционирана за овој чин. Доколку помине неказнето, ќе го повтори делото. Целото воено оружје што го имаа српските професионалци што ја нападнаа Бањска е од Србија“, рече Курти.

Курти на седницата на Собранието на Косово рече дека вооружените напаѓачи што побегнале од Бањска и не биле уапсени треба да им бидат предадени на косовските органи на прогонот.

„Во неделата доживеавме агресивен напад на криминални и терористички организации од Србија, не само врз полицијата туку и врз државата, врз поредокот на нашата Република. Тоа беше тежок ден за нашата земја. На полицијата ќе ѝ недостасува лојалниот член, но неговото убиство се претвори во зголемена посветеност во борбата против терористичките банди и победа во борбата против нив“, рече Курти.

Тој додаде дека вооружениот напад го нарушен територијалниот интегритет, суверенитет и националната безбедност на Косово.

„Напаѓачите што побегнаа мора да бидат екстрадирани, предадени на нашите власти. Организациите ‘Цивилна одбрана’ и „Северна бригада’ треба да бидат прогласени за терористички од нашите сојузнички земји, како што направи Владата“, рече косовскиот премиер Курти.

Косовското Собрание се согласи да подготви резолуција за осуда на нападите врз косовската полиција во селото Бањска во Северно Косово.

Во судирите меѓу полицијата и вооружената група во Бањска, Општина Звечан, во неделата загинаа полицаецот Африм Буњаку и тројца напаѓачи од српска националност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лога порачува дека функционери нема да бидат дел од амнестијата: „Од затвор не излегуваат академци“

Следно

ДСЗИ да изврши вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола, побара МЗ

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop