Ќура: По завршувањето на Новогодишната кошничка цените на производите одат на слободниот пазар

January 16, 2025
1 min read

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Менди Ќура изјави дека не може да се гарантира дека нема да има промена на цените на производите по завршувањето на Новогодишната кошничка кога беа намалени цените на дел од прехранбените производи.

Тој појасни дека остануваат на ставот дека во нормални услови треба да функционира слободниот пазар. Смета дека интервенирање со стоковните резерви, е можно само во вонредни состојби. Доколку повторно има потреба од носење кошничка, како и во изминатиот месец ќе ја поддржат таквата мерка со настојување до нивните членки да ги намалат цените на одредени производи и да се придржуваат до ветувањата.

-Ако се носи повторно кошничка ние ќе го имаме истиот став што го имавме и пред месец дена. Ние ќе инсистираме, кошницата, односно главните, основните продукти да се намалат, како што беше од 15 (декември) до 15 (јануари). Во периодот помеѓу две кошнички, ако нема некаква мерка, цените ќе одат на слободниот пазар, и веројатно (цените) ќе одат нагоре. Тоа е слободен пазар и во него ние не се мешаме, рече Ќура на новинарско прашање за време на Отворениот ден на Стопанската комора на северозападна Македонија, на кој присуствуваа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Рефик Џемаили.

По завршување на Новогодишната кошничка, што траеше еден месец, а со која беа намалени цените на дел од прехранбените производи, од денеска се очекува да се знае дали цените што беа намалени ќе се вратат на старо.

Надлежните се задоволни од Новогодишната кошничка бидејќи, според нив, таа дала ефекти и цените на храната и пијалоците во декември бележат намалување во однос на ноември. Граѓаните со забелешка дека нема некоја голема промена во намалувањето на цените, а од опозицијата, ваквите мерки ги оценија како целосно промашени. Од Министерството за економија и труд очекуваат ефектите од Новогодишната кошничка да се потврдат и со статистичките податоци за јануари во однос на декември и најавуваат дека ќе се продолжи со мерки и политики со кои ќе се заштити стандардот на граѓаните.

Новогодишната кошничка беше креирана на иницијатива на бизнис секторот и вклучуваше 1178 производи од 96 производители и дистрибутери. Во акцијата беа вклучени 51 маркети. Креирана како иницијатива на бизнис секторот, за новогодишната кошничка немаше владина одлука, а Државниот пазарен инспекторат можеше да врши само мониторингот на цените во согласност со Законот за заштита на потрошувачи и Законот за трговија, односно да мониторира дали има отстапки во однос на цените на производите кои се во Новогодишната кошница и најниските цени на истите производи кои биле во последните 30 дена.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицевски: И ова се случи во Македонија, опозицијата не сака да поставува пратенички прашања!

Следно

Опасен Тик-Ток тренд?! 17-годишник во Кисела Вода настрада од струен удар додека бил качен на вагон

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop