Кумановски билтен: пронајдено тело кај Лозаново, 13 пожари и една сообраќајка со опожарено возило

July 10, 2025
1 min read

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера попладне, во близина на шумски пожар во с. Лозаново, е пронајдено тело на засега неидентификувано лице. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причината на смртта и идентитетот.

Пожари

  • Четирце (14:49 ч.) – Пламен зафати стрниште, необработени ниви, лозови насади и кровна конструкција на куќа во сопственост на Ц.Д., како и две помошни простории (М.Д. и Н.П.) и напуштена куќа. Повредени нема; пожарот е локализиран од ТППЕ Куманово.
  • Нас. „Перо Чичо“, Куманово (15:18 ч.) – Гореше помошна просторија кај сопственикот Д.С. Лицето вдишало чад и е пренесено во Општа болница Куманово.

ЦУК евидентира вкупно 13 пожари на подрачјето на Куманово и Старо Нагоричане во последното деноноќие.

Сообраќајна незгода

Околу 14:30 ч. на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во атар на с. Војник, се судрија две товарни возила („Волво“ и „Ивеко“) и патничко возило „Сеат Леон“. Повредени нема, но патничкото возило целосно изгоре. Увид изврши екипа на СВР Куманово; истрагата за причините е во тек.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пленковиќ: Овој дел од Европа нема да оди напред ако злосторства како Сребреница не се признаат

Следно

15 годишно девојче кое се води за исчезнато во Србија, пронајдено во Велес каде дошло да се омажи!

Latest from Blog

Ментално силните луѓе избираат каде да ја насочат својата енергија И ТОКМУ ЗАТОА ЖИВЕАТ ПОМИРНО, ПОСРЕЌНО И ПОСЛОБОДНО

Во секојдневната трка помеѓу работата, одговорностите, семејните улоги и постојаниот проток на информации, многу луѓе се наоѓаат себеси како талкаат таму каде што не треба – во имагинарни сценарија, претерано анализирајќи ги

ЏАМБО отвора нов современ маркет во Гевгелија на 13 декември

Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје

Руте: Ние сме следната цел на Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Берлин изјави дека членките на Алијансата се следната цел на Русија. Тој на прес-конференцијата рече дека НАТО мора да вложи максимални напори за да
Go toTop