Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места

October 18, 2025
1 min read

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови. Гласање во дијаспората нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас.

Во Градот Скопје вкупната бројка на гласачи е 474 304 илјади. Од општините најмногу граѓани со право на глас има во Куманово – 94 041, во Гостивар 82 893, Тетово 87 878, Битола 77 253, скопски Аеродром 68 772, Струга 62 711 и Прилеп со 62 053 гласачи. Најмалку, пак, има во Лозово 1905, во Вевчани 2092, Новаци 2429, во Конче 2716 и во Ранковце 2921 гласач.

Според Изборниот законик се гласа на 3480 избирачки места, но годинава имаме шест избирачки места каде што нема население, па така ќе се гласа на 3 474 избирачки места. Според информациите на МИА од ДИК, 125 избирачки места се со помалку од 10 гласачи кои ќе го остварат своето право на глас во најблиското гласачко место. Осум избирачки места имаат по десет гласачи, шест со по 11, 18 со 12 гласачи, а три со по 13 гласачи…

Најбројно избирачко место во земјата е во Бутел. Станува збор за избирачкото место 2915 со 1432 гласачи. Во 70 избирачки места има над илјада гласачи, и секаде каде што имало можност поради функционалност на гласањето, избирачите се распоредени во соседни избирачки места.

Најстариот гласач во земјава запишан во Избирачкиот список е роден 15 мај 1918 година, додека најмладиот кој ќе има можност да гласа ќе стане полнолетен на самиот ден на гласање на 19 октомври.

Вкупен број на гласачи со 18 години запишани во Избирачкиот списокот е 25 603.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мадридскиот „зелен пионер“ – вода за пиење што произведува чиста енергија

Следно

Овенот да внимава на здравјето, а Ракот да биде искрен

Latest from Blog

ТикТокерка опседната со шоубиз брачен пар, по неколку дена доби „скапо плико“

Целиот случај брзо стана медиумска приказна што привлече огромно внимание од јавноста и социјалните медиуми. Правната постапка беше поттикната од серија видеа на TikTok во кои инфлуенсерката Џули Тајс тврдеше дека бракот

Јуве шокиран на Сардинија, Каљари слави

Во 21-то коло од италијанската Серија А, тимот на Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Каљари, со 1:0 (0:0). Одлучувачкиот момент на мечот беше 65-тата минута кога Лука Мацители го постигна голот

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Општина Центар се одвива во работна фаза, при што објектот добива целосно нов лик и функционалност согласно современите спортски и технички стандарди, наведува премиерот Христијан Мицкоски,

Мајкл Карик: Се чувствувам гордо

Екипата на Манлестер Јунајтед денеска во феноменално одигран меч забележа победа во градсткото дерби против тимот на Манчестер Сити. Новиот менаџер на Јунајтед, Мајкл Карик имаше свое деби и тоа какво. Со

Обврска кон АВМУ: Овие субјекти сега подлежат на регулација

Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни
Go toTop