Културно лето за паметење: Битола свечено го заврши „Бит Фест 2025“

September 2, 2025
1 min read

Со завршниот настан „Bitola Art Mapping“, синоќа во Битола свечено беше затворено 17-то издание на Битолското културно лето – „Бит Фест“. Во текот на седумдесетина дена, градот се претвори во вистински културен центар на државата, нудејќи богата програма со концерти, театарски претстави, изложби и настани за најмладите.

Градоначалникот Тони Коњановски изјави дека Битола ова лето блескала со полн сјај, создавајќи амбиент во кој се слават македонската музика, култура и традиција.

Меѓу највпечатливите настани се вбројува спектакуларниот концерт на светски познатиот диџеј Армин ван Бурен, одржан на стадионот „Петар Милошевски“, кој останува врежан како дел од културната историја на градот. Големо внимание привлекоа и традиционалните манифестации „Илинденски денови“, „Широк Сокак во бело“, „Битолино“, „Локум фест“ и други, кои се веќе препознатлив белег на фестивалот.

 

Оваа година, за првпат, „Бит Фест“ доби поддршка од Министерството за култура и туризам во областа на креативните индустрии, што овозможи реализација на завршниот настан со современа уметност, 3Д мапинг, музика и интерактивни инсталации.

Општина Битола упати благодарност до Министерството за култура и туризам, уметниците, институциите, организаторите и публиката – сограѓани и гости – кои со своето присуство му дадоа неповторлива енергија на фестивалот.

Завршната вечер не беше само крај на едно културно лето, туку и прослава на уметноста која, како што истакна Коњановски, „нè издигнува над секојдневието и ја открива вистинската сила на културата кога ја споделуваме заедно“.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Секс наместо кирија“: Огласите за станови се полни со вакви понуди

Следно

ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, но сега е 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop