Културните работници, Велигден го прославија без плата, утре излегуваат на протест: СДСМ бара оставка од Љутков

April 21, 2025
1 min read

Пред утрешниот протест на културните работници кои за Велигденските празници беа оставени без плата од министерот за култура, опозициската партија СДСМ бара оставка од министерот за култура, Зоран Љутков.

Преку писменот соопштените велат дека оставката од Љутков ја бараат поради ‘хаосот што го направил во културата’.

„СДСМ бара: оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата, повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство и итна исплата на мартовската плата за сите културни работници. Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава“, посочуваат од опозициската партија.

Оттаму реагираат на, како што велат, катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Љутков, кој оставил над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија.

„Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство. Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира? Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата?“, велат од СДСМ.

Синдикат на културата во петокот преку соопштение изрази незадоволство за неисплатените мартовски плати поради, како што наведоа, ненавременото усогласување со минималната плата согласно одредбите од Колективниот договор за култура и со Општиот колективен договор.

Оттаму за утре во 12 часот најавија протестен совет пред Министерството за култура.

Од Министерството за култура и туризам информираа дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно Законот и Колективниот договор.

„Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, стои во соопштението од Министерството за култура и туризам. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамилтон е разочаран од сам себе: Болидот е способен за пиедестал, јас не

Следно

Мицкоски за папата Франциск: Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе

Latest from Blog

Министерот за здравство на САД призна: Шмркав кокаин од даска на тоалетна школка (ВИДЕО)

Зборувајќи за своето закрепнување во подкастот на комичарот Тео Вон „This Past Weekend“, Кенеди објасни дека се сретнал со водителот на подкастот на утрински состанок за закрепнување пред пандемијата COVID-19 и дека

Мисајловски од Минхен: Историски најголем буџет за модернизација во одбраната, набргу нè очекуваат и многу нови договори

Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден кој што ни дава поддршка бидејќи станува збор за огромна сума на

Јотова: До јуни да се реши прашањето ако Македонија сака ЕУ

Илијана Јотова изјави дека Софија е загрижена поради информации дека Северна Македонија разгледува алтернативни начини за отворање на други поглавја од пристапните преговори со Европската Унија, наместо започнување со првиот кластер кој

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително
Go toTop