Крунски доказ, зошто треба да се распуштат: Судски совет ја оправда пресудата на колешката за убиецот на Фросина

February 26, 2025
2 mins read

Верувале или не, но членовите на Судскиот совет застанаа зад судијката Даниела Алексовска Стојановска која беше мета на јавноста по смртта на младата Фросина Кулакова откако излегоа информации во јавноста дека, возачот кој ја прегази Кулакова претходно бил осуден за дрога, но наместо затвор судијката му одредила мерка казната да ја издржува во воспитно поправен дом во Тетово со што автоматски му бил укинат притворот.

Работната група на чело со новата членка на Советот, Данка Илиева изврши увид во предметот и во Кривичниот суд и во Апелација и констатираше дека мерката која му била одредена на Јованов била според одредбите на Кривичниот законик и според одредбите на Законот за правда на децата.

Членовите на Судскиот совет едногласно ги усвоија заклучоците на Работната група која направи увид, според кои немало основи за пристрасност при постапувањето на судијката и според кои треба да се испратат согледувањата за постапувањето на скопското обвинителство што ги констатирала групата.

-Работната група му предлага на Судскиот совет извештајот од извршената посета да се достави Јавното обвинителство Скопје, бидејќи се наведени определени согледувања за нивното постапување за да бидат запознаени и до Советот на јавни обвинители. Втор заклучок за наводите за пристрасност при одлучувањето на судијата и за причини на изземање од член, оваа работна група смета дека испитаните околности не е се од таков карактер да предизвикаат сомневање во нејзината пристрасност и не се во рамките на предвидените причини за изземање – рече судијката Данка Илиева.

 

Поентите на сите членови по нејзиното излагање беа дека во општеството владее една атмосфера дека за што и да се случи виновен е судијата, но сите беа согласни дека не може вината да се префрли на оној што одлучува на крај, односно судијата, ако има слабости и во другите институции.

Работната група констатирала дека заедно со обвинителниот акт поднесен од скопското обвинителство против Васил Јованов кој се товарел за дрога и до уште една обвинета, Лидија Јовановска, до кривичниот суд била поднесена и листа докази со кривична пријава од Одделот за недозволена трговија со дрога при МВР од 30 март 2024 година со образложени дејствија кои ги презела полицијата за кое е поднесено обвинение.

Па така било пишано дека на Јованов во 2023 година бил фатен во „пежо“ кое го управувал и му била најдена дигитална вага и непозната растителна материја, потоа бил фатен со рачно изработена цигара со растителна материја, полицијата исто така го фатила со полиетиленска кесичка со растителна материја при легитимирање, а потоа во автомобил во кој се возел како совозач му биле најдени зипер кесички со некаква материја.

Иако полицијата го фатила Јованов неколку пати со дрога, сепак институциите ова не го процесуирале и за материите кои биле најдени кај него не постоело вештачење дека се работи за дрога, па судијката Алексовска Стојановска не ги зела предвид зашто не биле докажани, а скопското обвинителство не и доставило решение за претходната сообраќајка што ја направил Јованов, а за која се спогодил со Обвинителството.

Односно кај судијката , Јованов формално бил неосудиван и против него не се воделе кривични постапки.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава против градоначалникот на општина Делчево

Следно

Зеленски: Украина не прифаќа ниту 10 центи враќање на долгот во договорот со САД

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop