Кризниот министерски совет на француската влада одлучи да се распоредат оклопни возила на жандармеријата

June 30, 2023
1 min read

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин и министерот за дигитализација Жан-Ноел Баро вечерва во Париз ќе се сретнат со претставници на дигиталните платформи со цел да се побара „поддршка“ од за да се идентификуваат корисниците на социјалните мрежи кои се вклучени во криминал

Француската премиерка Елизабет Борн денеска најави дека на улиците во Франција ќе бидат распоредени оклопни возила на жандармеријата поради насилството во многу градови веќе три ноќи откако полицаец уби 17-годишно момче при сообраќајна контрола.

Ќе бидат распоредени и дополнителни мобилни сили. Големите настани што можат да претставуваат ризик за јавниот ред ќе бидат откажани во зависност од локалните ситуации, соопшти владата.

Тие одлуки се дел од мерките усвоени денеска на кризниот министерски состанок на кој присуствуваше и претседателот Емануел Макрон. Тоа беше втор кризен состанок за два дена.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин и министерот за дигитализација Жан-Ноел Баро вечерва во Париз ќе се сретнат со претставници на дигиталните платформи.

Состанокот ќе биде и можност да се побара „поддршка“ од платформи како Твитер, Снепчет и Тик-Ток за да се идентификуваат корисниците на социјалните мрежи кои се вклучени во криминал, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката.

Вкупно 667 лица се уапсени во Франција, соопштија официјалните власти откако трета ноќ по ред беснеат насилства и немири во земјата по убиството на 17-годишното момче од страна на полицаец во Нантер, во близина на Париз.

Француските власти распоредија 40 000 полицајци низ целата земја за да се справат со ситуацијата, но и покрај тоа, немирите синоќа продолжија со несмален интензитет.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) „Феникс“: Споменици од „Скопје 2014“ биле плаќани драстично поскапо од цените за кои биле излеани во Италија

Следно

На Болсонаро му e забрането да се кандидира за претседател на Бразил до 2030 година

Latest from Blog

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,

Божиновска: Зелената транзиција клучна за иднината на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, на која беа разгледани клучните енергетски проекти во државата. Како што

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта
Go toTop