Кривичниот суд потврди: Тројца осомничени за убиството на Вања добија притвор од 48 часа

December 4, 2023
1 min read

Од Кривичниот суд апелираат, поради сензибилноста на настанот, разбирливиот јавен интерес, но и предистражната постапка која е сè уште во тек, за сите официјални информации поврзани со случајот, медиумите да се обратат до надлежниот јавен обвинител

Кривичниот суд Скопје определил притвор од 48 часа за три лица од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и на П.Ж. од Велес.

Оттаму информираат дека трите лица биле спроведени рано утринава во судот, а судија на претходна постапка го прифатил предлогот на Обвинителството за притворот.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а заради постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3, односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело“,

соопштија од Кривичниот суд.

Оттаму посочуваат и дека мерката краткотраен притвор, по предлог на надлежниот обвинител може да се продолжи или замени со други мерки за обезбедување присуство.

„Поради сензибилноста на настанот, разбирливиот јавниот интерес, но и предистражната постапка која е сè уште во тек, како Кривичен суд апелираме за сите официјални информации поврзани со случајот, медиумите да се обратат до надлежниот јавен обвинител“,

додаваат од Кривичниот суд.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител на ОЈО, Скопје, Гаврил Бубевски, во зградата на Јавното обвинителство денеска во 9:30 часот ќе одржат прес-конференција, на која се очекува да соопштат детали за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која седум дена се водеше за исчезната.

Прес-конференцијата е закажана за 9:30 часот во просториите на Обвинителството.

Спасовски и Бубевски се очекува да кажат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот.

Се очекува и објаснување за квалификацијата „користољубие“, која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата.

Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека полицијата во текот на вчерашниот ден е пронајдена мртва 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која веќе седум дена се водеше за исчезната.

Оттаму соопштија дека во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж. (74) од Велес, кој на 24.11.2023 г. беше пријавен за исчезнат.

Како што се вели во соопштението на Обвинителството, од спроведените истражни дејствија, утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

Исчезнувањето на 14-годишната Вања беше пријавено во полиција минатиот понеделник во 8:35 часот изутрина, а случајот во јавноста го обелодени мајката на тинејџерката преку објава на социјалните мрежи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавена поемата „Одгласот на тишината“ посветена на Ацо Шопов од македонскиот писател Зоран Пејковски

Следно

Открил кое време оди на училиште: Вања е грабната со знаење на таткото

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,
Go toTop