Кривични против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

April 28, 2025
1 min read

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против поранешните вработени во МВР – В.В. и В.Н. за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, В.В. е пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор“ во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во Бирото за јавна безбедност при МВР, додека В.Н. е пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „началник“  на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ при МВР, 

Првопријавената како службено лице во текот на 2021 и 2022 година не ја извршила својата службена должност на начин што не спровела правосилни пресуди на надлежен суд, со кои било одлучено за прекинување на договорите за вработување на две вработени лица и дозволила истите да продолжат да работат во Министерството за внатрешни работи.

-Пријавената не постапила согласно своите надлежности на начин што не ја распоредила примената пошта, во случајот предметните пресуди, до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки во рамки на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси и не дала насоки да се постапи по пресудите, односно да се откажат договорите за работа на работниците, и покрај фактот што на критичните денови кога пресудите пристигнале во Одделот со кој раководела, истата била на работа и не дала овластување на друг работник да ја распоредува поштата.  Пресудите биле заведени во Секторот за правни работи и заштита на лични податоци, кој немал надлежност да постапува по истите, се вели во соопштението на МВР.

Второпријавената во својство на овластено службено лице кога предметните пресуди пристигнале во Секторот со која таа раководела, не ги прочитала со внимание и ги предала да бидат заведени во Деловодникот на Секторот за правни работи и заштита  на лични податоци, без притоа  соодветно  да реагира  и да ги врати  пресудите до првопријавената, со цел да бидат проследени до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки заради постапување.

Со ваквото дејствие пријавените му нанеле значителна имотна штета на буџетот на Министерството за внатрешни работи на име на  исплатени плати и придонеси од работен однос на работниците на кои  согласно судските пресуди требало да им биде прекинат работниот однос во МВР во износ од 3.314.870 денари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Јаќимовиќ во Аргумент плус: Додик не избега во Русија, таму е на покана на Путин

Следно

Американската морнарица загуби борбен авион Ф-18 од носачот „Хари С. Труман“ во Црвеното Море

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop