Кривична пријава за тројца Чеси – нелегално копале културни добра во Мариово

April 9, 2025
1 min read

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против тројца државјани на Чешка – J.M. (25), M.Х. (47) и Ф.K. (52), под сомнение дека извршиле кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Како што информира МВР, на 3 април, во местото наречено „Брест“ во мариовскиот регион, пријавените биле затекнати при обид да вршат нелегални археолошки ископувања. При претрес во куќата каде што престојувале, полицијата пронашла и одзела алатки за ископ, како и повеќе артефакти – монети, златна обетка и прстен, кои потекнуваат од ископувањата на тоа подрачје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп нареди блокирање на законот за животна средина и сузбивање на климатските промени

Следно

ГЕРМАНСКИОТ РЕЖИСЕР ВЕРНЕР ХЕРЦОГ ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ВЕНЕЦИЈА

Latest from Blog

Go toTop