Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

April 2, 2025
1 min read

Кривична пријава е поднесена против А.М., полициски службеник во ПСОН Охрид при СВР Охрид, осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид ја поднел Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при МВР. 

Министерството соопшти дека во работната просторија – стражарска куќарка каде што А.М работел на обезбедување на вила „Бела“, сопственост на МВР, била пронајдена бела прашкаста материја.

-Во временскиот период кога полицискиот службеник А.М. бил предвиден за работа и извршувал работни задачи на обезбедување на вила Бела (поранешна вила Македонија), сопственост на Министерството за внатрешни работи, од страна на  вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди бил извршен  преглед врз А.М. и работната просторија – стражарската куќарка, при што од прегледот во работната просторија, на работната маса била затекната метална лажица во која имало бела прашкаста материја, хартиена салфетка во која имало бела прашкаста материја и мало пластично шише со нн течност, со импровизирана цевка од банкнота од 10 денари, затворено со алуминиумска фолија на отворот на шишето, на која имало остатоци од нн материја, информира МВР. 

Вработени од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди го известиле А.М. дека е потребно да му се направи испитување за присуство на матаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје.

А.М. одбил да соработува со вработените на Одделот и да се подложи на испитување иако, како што наведува МВР, доктор на Итна медицинска помош Охрид  утврдил дека тој е во добра општа состојба и може да патува во Скопје. 

-Против А.М. од страна на  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе е покрената дисциплинска постапка и задолжителна  мерка за отстранување  од работното место – суспензија од работното место, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реакција на ДУИ за најавената средба Мицкоски-Филипче 

Следно

Трендафилов: Македонија е третата земја во Европа каде Владата се обидува да ги нападне синдикатите и да ги елиминира од синдикалната сцена

Latest from Blog

Проданоски: Со дела, а не само со зборови, ја градиме Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од историската одлука на граѓаните за независна, суверена и слободна држава.

Нов проблем за Интер и Милан!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Проектот за нов заеднички стадион помеѓу Милан и Интер Милан наиде на уште еден проблем. Општина Милано се соочува со судска постапка поради продажбата на земјиштето околу иконскиот стадион “Сан Сиро“

Сите загинати при излизгувањето на товарен авион од пистата во Мајами, биле во паркираните автомобили (ВИДЕО)

Истражителите потврдија дека сите жртви биле во две возила на земја. Боингот 767-300, управуван од „21 Ер“, се лизна од пистата во неделата. Удри во комбе за чистење во кое се наоѓаа

ВЛЕН: Компаниите се шират, се отвораат нови можности за вработување

Северна Македонија се движи кон создавање поповолна инвестициска клима, со поголеми можности за меѓународна соработка, развој на бизнисите и отворање нови работни места, оценува политичката партија ВЛЕН. Од партијата посочуваат дека економскиот

Божиновска за „Energy Game“: Македонија ќе добие пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан

Вертикалниот коридор првично започна со Грција, Бугарија и Романија, а сега се оформува и оската Грција – Северна Македонија – Србија, што создава повеќе можности за пристап, меѓу другото, и до американскиот
Go toTop