Кривичен суд: Мерките на претпазливост за осомничените за упадот во М-НАВ се донесени врз основа на приложените докази

January 7, 2024
2 mins read

Според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното  кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање, велат од Судот. Па со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан , како што велат, судијата на претходна постапка определи мерки на обебзедување присуство од поблаг вид

Основниот кривичен суд Скопје постапува врз основа приложените докази од ОЈО и МВР, како и по сопстевно убедување на судиите , велат од Судот во однос на низата реакции за случајот со упадот во Македонската навигација и одлуката на судиите на претходна постапка да не изречат пртивор за осомничените.

„Неспорно е дека настан од кривично правен аспект постоел, па затоа со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка односно истрага од страна на надлежен обвинител, судот смета дека е неопходно да се обезбеди присуство на осомничените лица. Но, потребно е да се знае дека во наредбата за истрага за конкретниот настан опфатени се 8 лица, а до овој момент доставен е предлог за определување мерки за обезбедување присуство, како и докази за нивна инволвираност, само за четворица,“

се наведува во реакцијата.

Според објаснувањето од Судот, преземените дејствија од страна на осомничените, а во склоп и на доставените докази во прилог на предлогот, во овој момент не произлегува дека осомничените во целост ги исполниле условите предвидени во кривичното дело, односно дека со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт, или уништување или оштетување на уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај.

„Од страна на  ОЈО Скопје не се доставени докази – медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата. Понатаму не е наведен начинот како преземените дејствија предизвикале или можеле да предизвикаат уништување или оштетување уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај,“

потенцираат од Судот.

Од Судот се повикуваат и на изјавата на директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев, потенцирајќи дека според вонредниот инспекциски надзор утврдено е дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај.

„Самиот предлог на Јавниот обвинител воопшто не води во правец на посоченото кривично дело. Меѓутоа, според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното  кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање. Па заради тоа, се со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан кој се случил на 04.01.2024 година, судијата на претходна постапка определи мерки на обебзедување присуство од поблаг вид,“

посочуваат од Кривичниот суд.

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд на 5 јануари годинава им определи мерки за претпазливост на четири лица меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Со мерките предвидена е забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација, но не и притвор како што бараше Обвинителството.

Од Обвинителството најавија жалба за која дополнително ќе одлучува Кривичниот совет, кој може да ја потврди или преиначи одлуката на судиите на претходна постапка.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

1.894 повици за итни случаи на 112 во последното деноноќие – имало само еден пожар на отворено

Следно

1.894 повици за итни случаи на 112 во последното деноноќие

Latest from Blog

Цените на храната во светот паѓаат, во Македонија растат

Според анализа на Порталб, ланската година беше инфлациски тешка за граѓаните на Македонија, бидејќи цените на голем дел од основните прехранбени производи бележат раст на годишно ниво. Годинава, Владата предвидува „поумерена“ ценовна

Во тек е координација за извлекување на заглавено постаро лице од снежни наноси во кочанско

Регионалниот Центар за управување со кризи информира дека постапиле по пријавата за помош на лице во с. Полаки (планинско село од разбиен тип) во маало Бабиште. Контактирани се ЛС Кочани, Црвен крст

Укината забраната за камиони на Плетвар

Од 11:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ. Од 11:00 часот е нормализиран и сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, кој беше

Иранската војска набави околу 1.000 дронови

Околу илјада нови дронови денеска и беа испорачани на иранската армија, јави агенцијата Тасним. Дроновите биле испорачани на неколку различни локации во Иран, а наводно се летала со способност да бидат речиси
Go toTop