Кривичен суд: Куќен притвор и одземена патната исправа за апелацискиот судија Ѓоко Ристов

January 20, 2026
1 min read

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое на осомничениот апелацискиот судија Ѓ.Р. му се определува мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против Ѓ.Р. , по произнесување на осомничениот и надлежниот јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на ОЈО се прифаќа и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Со оглед на тоа што осомничениот е апелациски судија и се товари за кривичните дела „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 став 1 и „противправно стекнување и прикривање имот“ по член 359 – а став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, Судот претходно го доставил предлогот до надлежниот Судски совет на Република Македонија, кој одлучувал за одземање на судискиот имунитет. По добиената согласност од Судскиот совет, Судот го прифатил предлогот на ОЈО ГОКК.

Против ова решението странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од Основниот кривичен суд Скопје. 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот Ќура му посака бериќетна година на Петар кој го фати светиот крст во Струга

Следно

Градоначалникот Коњановски на работна средба во ЈП „Нискоградба“

Latest from Blog

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на

Грците распоредија ракетни системи и авиони Ф-16 за да ја заштити Бугарија од можни ирански напади

Грчкиот министер за одбрана во петокот изјави дека ракетна батерија „Патриот“ и два борбени авиони „Ф-16“ ќе бидат распоредени на север од земјата за да помогнат во заштитата на Бугарија од можни

Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2. Херој
Go toTop