Кремљ: Русија и Туркије работат на отстранување на проблемите со банкарските плаќања

April 8, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија и Туркије работат на отстранување на проблемите со банкарските плаќања предизвикани од санкциите, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Анадолу.

Говорејќи на брифинг со новинарите во Москва, Песков рече дека Москва и Анкара решително бараат излез од ситуацијата.

„Во сите финансиски прашања константно се одржуваат контакти на работно ниво со цел да се најде излез од оваа ситуација. Одредени проблеми навистина се присутни, но очигледно е која е причината за овие проблеми. Тоа предизвикува сериозна штета на интересите и на нашите и на турските економски оператори“, нагласи тој.

Запрашан за можната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Туркије, Песков рече дека точните датуми сѐ уште не се финализирани.

„Се воспоставуваат контакти на највисоко ниво. Условите за руско-турските контакти на највисоко ниво сѐ уште не се утврдени. Но, разбирањето дека тие (контакти) ќе се случат во догледна иднина, е присутно“, рече тој.

Осврнувајќи се на поплавите во јужниот руски регион Оренбург, Песков рече дека локалните власти напорно работат на справување со природната катастрофа.

Градот Орск е поплавен по пробивањето на браната во петокот, а речиси 6.200 луѓе се евакуирани од погодената област, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Гувернерот на регионот Оренбург, Денис Паслер, рече дека ситуацијата се развива според најлошото сценарио бидејќи нивото на водата продолжува да расте и на неколку места надминато е нивото кое се смета за опасно.

Коментирајќи го пристигнувањето на германските трупи во Литванија, најавено од страна на министерот за надворешни работи Лауринас Касчјунас, Песков рече дека Москва го гледа овој потег како „натамошна ескалација на тензиите“, нова закана во близина на границите на земјата.

„Истото тоа важи и за јапонско-американската воена соработка“, рече портпаролот Песков, додавајќи дека присуството на американските војници во Јапонија отсекогаш било пречка за Москва и Токио да потпишат мировен договор по Втората светска војна.

Портпаролот на Кремљ исто така го осуди нападот на нуклеарната централа Запорожје и го нарече „опасна провокација“.

„Ова е многу опасна провокација. Персоналот на МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија) кој се наоѓа на самото место имаше можност да биде сведок на овие напади. Ова е многу опасна и потенцијално многу лоша тактика. За жал, режимот во Киев продолжува со својата терористичка активност“, рече Песков.

Властите соопштија дека Украина во неделата извела напади со беспилотни летала врз централата во Запорожје, врз подрачјата за персоналот и каргото, и куполата на шестата енергетска единица, при што повредени се тројца вработени во централата.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, го нарече нападот „непромислен“ и повика на воздржување од активностите кои претставуваат опасност за централата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Со бојкот на изборите во Белград, опозицијата ќе се уништи

Следно

Зеленски предупреди дека Украина може да биде поразена без помош на САД

Latest from Blog

Барселона со голем гест по тешката повреда на Кристенсен

Барселона презема практични чекори за да го поддржи Андреас Кристенсен, на кого му е дијагностицирано делумно кинење на вкрстените лигаменти, бидејќи раководството на клубот работи на продолжување на неговиот договор. Се очекува

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100
Go toTop