Кремљ не се надева на исполнување на руските барања од Црноморскиот Договор за жито

July 3, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Руски Кремљ денес соопшти дека не се надева дека ќе се исполнат неговите барања во врска со рускиот извоз како дел од Договорот за транспорт на жито преку Црно Море, кој истекува овој месец, јавува Анадолу.

„Засега овој дел од Договорот сѐ уште не е исполнет. Има уште време до истекот на Договорот, но не постои многу надеж“, им одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите во Москва на прашањето дали има надеж за поврзување на руската Земјоделска банка (Роселхозбанк) со меѓународниот платен систем СВИФТ.

Песков рече дека Кремљ нема што да каже за приказната на „Фајненшл тајмс“, во која се тврди дека Европската Унија го разгледува предлогот да ѝ дозволи на Роселхозбанк да формира подружница што повторно ќе ја поврзе банката со меѓународниот платен систем СВИФТ.

„Не, засега немаме што да објавиме во однос на спроведувањето на делот од Договорот што се однесува на руската страна“, рече Песков.

Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина во јули минатата година во Истанбул потпишаа Договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црно Море, кој беше запрен по почетокот на војната во Украина во февруари минатата година.

Оттогаш Договорот беше неколкупати обновен, а на 18 мај беше продолжен за уште два месеца.

Москва го поврза вклучувањето на државната руска Земјоделска банка во меѓународниот платен систем СВИФТ, кој ќе овозможи непречен пристап за руските ѓубрива и други производи до светските пазари, за дополнително продолжување на Договорот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крај на сагата за Брозовиќ, Хрватот потпиша со Ал Наср

Следно

Продолжуваат жестоките судири во Судан

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop