Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин – Трамп

February 9, 2025
1 min read

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не може „ниту да потврди ниту да  демантира“ дали имало телефонски разговор помеѓу претседтелите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.

Американскиот претседател во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со Путин за завршување на војната во Украина.

Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“.

– Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат, посочи Трамп.

Трамп за „Њујорк пост“ истакна дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната, но, не откри повеќе детали.

– Се надевам дека ќе биде брзо. Луѓето умираат секој ден. Оваа војна е толку лоша за Украина. Сакам да заврши оваа проклета работа, истакна Трамп.

Минатиот месец портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен телефонски да разговара со претседателот на САД.

Трамп најави и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено

Следно

Полициска акција во Чашка

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на
Go toTop