Кремљ: Напредуваат подготовките за посетата на претседателот Путин

September 11, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Подготовките за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Туркије напредуваат, потврди денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Анадолу.

„Се надеваме дека посетата ќе се случи откако ќе бидат финализирани сите подготовки. Овие подготовки траат подолго време“, рече Песков на брифингот со новинарите во Москва, додавајќи дека и Москва и Анкара со нетрпение ја очекуваат посетата.

На прашање за извештаите од блискоисточните медиуми во врска со можните барања авионите на руските воздушни сили да го придружуваат авионот на претседателот Путин, портпаролот на Кремљ рече: „По правило, не откриваме детали за подготовките за посетите на нашиот претседател, бидејќи тие се доверливи по природа“.

„Ќе ја задржиме таа дискреција и сега“, забележа тој.

Додека посетата на Путин на Туркије сѐ уште се организира, Кремљ предвидува потенцијални интеракции меѓу рускиот и турскиот претседател на претстојниот самит на БРИКС во Казан во октомври.

„Со нетрпение очекуваме контакт меѓу двајцата претседатели во Казан на самитот на БРИКС доколку се укаже можност. Се надеваме дека таква средба ќе има“, додаде Песков.

Русија треба да претседава со организацијата БРИКС во 2024 година, а главниот самит е закажан за 22 до 24 октомври во Казан. Покрај самитот на лидерите на БРИКС, на настанот ќе се одржат и „теренски“ сесии со лидери од развиените земји и земјите во развој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Презентирана нацрт Национална стратегија и акциски план против сајбер криминал

Следно

Бојан Миовски во топ 100 ѕвезди на трансфер листите ова лето

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop