Кремљ: Нападите на руска територија се вршат со оружје произведено на Западот

January 9, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нападите на руска територија се вршат со топови и проектили произведени во западните земји, јавува Анадолу.

Говорејќи пред новинарите во главниот град Москва, Песков одговараше на прашања за нападите на украинската Армија врз градот Белгород.

„Тоа беше можно затоа што администрацијата на Киев не се двоумеше да гаѓа цивилни цели, а не воени елементи и да употреби касетна муниција во нападот врз центарот на градот. Во центарот на градот нема воени елементи. Се разбира, нашата армија ќе продолжи со напорите да се минимизира, а потоа целосно да се елиминира оваа опасност. Поради оваа причина, специјалната воена операција продолжува“, рече тој.

Порпаролот Песков посочи дека нападите врз руската територија се вршат со оружје произведено во западните земји.

„Нападите на нашата територија, на цивилните елементи и на центарот на градот Белгород пред Нова година беа извршени со топови и проектили произведени во Германија, Франција, Италија, Соединетите Американски Држави и други земји. Не смееме да го заборавиме тоа“, рече Песков.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петте најмоќни датуми во јануари 2024 година: Овие денови ги носат најубавите животни промени

Следно

Туркиш ерлајнс минатата година имаше најголем број патници на сите времиња

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop