Кремљ: „Крајот на мандатот на Зеленски не влијае на специјалната воена операција“

May 20, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ денес соопшти дека крајот на мандатот на украинскиот претседател Владимир Зеленски не влијае на воените дејствија на земјата во Украина, јавува Анадолу.

„Не, специјалната операција продолжува“, изјави Песков на прес-конференција во Москва на прашањето дали истекот на мандатот на Зеленски може да влијае на „специјалната воена операција“ што започна во февруари 2022 година. Мандатот на Зеленски истекува денес, но изборите се одложени поради тековната војна.

Како одговор на друго прашање за легитимноста на Зеленски, Песков ги повтори забелешките дадени од рускиот претседател Владимир Путин по ова прашање. „Ова прашање е веќе поставено. И тоа се слушна пред два дена на последната комуникација со медиумите во Кина, каде претседателот точно одговори на ова прашање“, рече тој.

На прес-конференција во кинескиот град Харбин за време на неговата дводневна посета на Кина, Путин рече дека актуелните украински власти во Киев „ја црпат својата моќ од државен удар“ и дека правниот систем на Украина мора да одговори на прашањето за легитимноста на Зеленски, затоа што, како што тој рече, доколку се сведува на потпишување документи, тоа мора да го направат со легитимните власти.

Руслан Стефанчук, шефот на украинскиот Парламент, минатата недела за државната новинска агенција Укринформ изјави дека „нема сомнежи“ во легитимноста на Зеленски и дека претседателските избори ќе се одржат во рок од 60 дена по укинувањето на воената состојба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судот во Лондон – Асанж може да се жали на одлуката за екстрадиција во САД

Следно

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop