Кремљ: Изјавите на Путин за руската нуклеарна доктрина се сигнал за Западот

September 26, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави во четвртокот дека изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за потенцијални измени на нуклеарната доктрина на земјата треба да се толкуваат како сигнал до Западот, известува Анадолу.

„Ова треба да се смета за дефинитивен сигнал“, рече Песков на брифинг за новинарите во Москва.

Сепак, тој појасни дека Русија во моментов не планира да го прошири својот нуклеарен арсенал.

„Не, такви планови не се спомнати, ниту имаше најави за тоа“, рече Песков.

На прашањето дали е разговарано за можноста за укинување на мораториумот на нуклеарните тестови во контекст на прилагодување на нуклеарната доктрина, Песков одговори:

„Не можам да одговорам на вашето прашање. Го видовте отворениот дел од состанокот, но остатокот од седницата беше целосно затворен.“

Песков рече дека секоја одлука за објавување на ажурираната нуклеарна доктрина ќе биде соопштена навреме.

На состанокот со Советот за безбедност на Русија што се одржа во средата, Путин ја истакна потребата од ревидирање на нуклеарната доктрина како одговор на брзо променливиот воено-политички пејзаж и појавата на нови извори на воени закани и ризици за Русија и нејзините сојузници.

Тој предложи да се прошири списокот на држави и воени сојузи кои се предмет на нуклеарно одвраќање, како и да се идентификуваат новите воени закани на кои би можеле да се спротивстават мерките за нуклеарно одвраќање.

Путин предложи секоја агресија врз Русија од страна на ненуклеарни држави, доколку е поддржана од нуклеарните сили, да се третира како заеднички напад.

Тој посочи дека ажурираната доктрина ќе дозволи употреба на нуклеарно оружје доколку воената команда добие проверени информации за големо лансирање на воздушни и вселенски системи за напад, како што се тактичко и хиперсонично авиони, крстосувачки ракети или беспилотни летала, кои преминуваат на руска територија.

„Го задржуваме правото да користиме нуклеарно оружје како одговор на агресија против Русија и Белорусија, вклучително и во случаи кога конвенционалното оружје претставува клучна закана за нашиот суверенитет“, додаде рускиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција

Следно

Рекордни 22 трки во Мото ГП календарот во 2025

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop