Кремљ ги отфрли тврдењата дека Вагнер испорачал оружје на Хезболах

November 3, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека паравоената група на Вагнер испорачувала системи за противвоздушна одбрана на движењето Хезболах во Либан, јавува Анадолу.

Песков рече дека доколку САД се загрижени во врска со тоа, би можеле да ги користат постоечките воени комуникациски канали со руските колеги и да ги прашаат директно.

„Де факто таква група (Вагнер) не постои, така што сите овие шпекулации по правило се неосновани“, нагласи Песков.

Портпаролот на рускиот претседател одби да ги коментира извештаите дека Павел Пригожин, синот на поранешниот водач на Вагнер, Евгениј Пригожин, сега е на чело на групата.

Руските медиуми објавија дека Вагнер продолжил со регрутирање, а Павел ја презел функцијата лидер по смртта на неговиот татко во авионската несреќа во август оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белград: Половина година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“

Следно

Дали уставните измени се бугарски диктат?! – Обврската за внесување на Бугарите во Устав не завршува со оваа Влада!

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop