Кралот Чарлс закрепнува добро по операцијата, пренесуваат британските медиуми

January 26, 2024
1 min read

Британскиот крал Чарлс е „добро“ откако беше опериран поради зголемена простата.

Чарлс бил виден како влегува во лондонска клиника со кралицата Камила во петокот наутро – истата болница која се грижи за принцезата од Велс по абдоминална операција.

Камила ја напушти приватната болница попладнето истиот ден и изгледаше расположено додека им се насмевна на новинарите пред да влезе во нејзиниот автомобил, пренесува Гардијан.

Се смета дека е спроведена планираната постапка и дека е добро.

Претходно во петокот, Чарлс одвои време за да ја посети Кејт Мидлтон, која е веќе 11 дена во болница по успешната тешка операција минатата недела.

Не е познато колку време Чарлс ќе помине во болница./makfax/

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николовски за Алсат: Контакти со БЕСА за заедничка соработка

Следно

Црковен обвинител ќе му суди на новинар заради натписи на интернет портал

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop