Кралевски: ФФМ како да беше приватизирана од индивидуалци или можеби политичка партија

March 3, 2025
1 min read

На вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше поранешниот репрезентативец Игор Кралевски, говореше за тоа како од спортска нација, Македонија станала играчка на одредени индивидуалци, кои поради незнаењето го уништувале фудбалот во Македонија.

„Јас мислам повеќе е неразбирањето од страна на претседателот тогашен на ФФМ. Воопшто, нели Сејдини не бил спортист, ниту знае како да го раководи и менаџира тој тим, а сепак за оваа играчка што се вика најскапа, фудбалот е најзаслужно и најдобар човек треба да го менаџира спортот. Да знае како да го менаџира, да ги воспостави работите внатре, темелно“, истакна Кралевски.

Тој исто така напомена дека во минатото раководство на ФФМ, ниту имале поддршка од спортските легенди, ниту пак создадоа некаков талент да се гордее државата.

„Во тој период беа оттргнувани, еве вие кажете ми едно спортско име, едно фудбалско име што сте го слушнале на ТВ, а бил во тогашните 7 години во ФФМ. Тоа беа се анонимуси, послушници и едноставно како да беше приватизирана ФФМ на еден човек или можеби, една политичка партија’’, појасни Кралевски.

Кралевски заклучи дека новата структура на ФФМ ќе донесе нови успеси на фудбалското поле.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 14 степени

Следно

Книгата „Докази“ на Анадолу, која ги документира воените злосторства на Израел, отсега и на интернет

Latest from Blog

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

 Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до

Палмино масло наместо млеко? Косово повлече 12 млечни производи од продажба

Случајот со млечните производи што деновиве го привлече вниманието на јавноста во Косово станува поширок, откако контролите покажаа дека зад повеќе различни брендови стои ист оператор и ист производствен објект. Токму затоа,

АМЕРИКА ИМА ПРОБЛЕМ, ПОСАДАТА ИМ СКОКА ВО МОРЕ

Американскиот носач на авиони „USS Abraham Lincoln“ го започна своето патување кон Соединетите Американски Држави по неколкумесечна мисија за време на војната со Иран. „USS George Washington“ пристигна на Блискиот Исток и
Go toTop