Ковачевски и Мицкоски различно гледаат на потребата од одржување на нова лидерска средба

October 7, 2023
2 mins read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција во Велес порача дека сега е зрел момент за организирање на лидерска средба, а таа може да биде иницирана од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Доколку не се организира лидерска на која би се разговарало за изборните процеси – можно е да има уставна криза

На прес-конференција во Градскиот парк во Скопје, пак, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека лидерски средби на кои двајца или тројца луѓе би седнале и би договарале нешто што не е согласно со парламентарните и законските процедури не доликуваат на една земја која е членка на НАТО и која преговара со ЕУ

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Велес изјави дека во исчекување на претседателските и парламентарните избори кои би тербало да се случат за неколку месеци, би требало да се седне на маса и да се разговара, бидјеќи немањето на никаква активност е неодговорно и тоа се случува за прв пат во македонската политичка сцена. Кога зборува за лидерска средба, Мицкоски вели дека мисли на средба во формат на која ќе е разговара за датум за избори бидејќи доколку не се разговара на земјава и се заканува уставна криза. Мицкоски рече дека организатор на оваа средба може да биде и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Ценам дека на неколку месеци пред избори добро е да се седне на една лидерска средба каде што ќе има претставници од Владата, претставници од опозицијата. Еве бидејќи ги спомнуваат институциите ќе им дадам еден предлог. Нека биде организатор Талат Џафери, нека биде тоа и во Парламентот, и таму ќе дојдам да разговараме за можните дати за избори бидејќи, во меѓувреме, треба и сите ние да сме свесни дека има два големи верски празници како што е Рамазан и Велигден, а на тие празници им претходат и постови, така што мора да го подготвиме амбиентот за да имаме навистина еден фер изборен процес“,

кажа Мицкоски.

Од друга страна, премиерот Ковачевски од главниот град, порача дека лидерска средба помеѓу него и Мицкоски веќе имаше, на која тој му понудил на својот политички опонент две решенија кои се уште се на маса – доколку се изгласаат уставните измени, уште истиот ден да се распушти Собранието и да се оди на избори, или пак ВМРО-ДПМНЕ да стане дел од Владата со 50 отсто од министерствата по што би се гласале уставните измени и да се затворат скрининг процесите. Тој кажа дека овие опции се на маса и дека не треба да се супституираат институциите со средби на кои двајца или тројца ќе договараат нешто што не е согласно со продерурите бидејќи тоа не и доликува на една земја која е членка на НАТО и земја која преговара со Европската унија.

„Ние не смееме да се доведеме до ситуација, уште еднаш, наместо да ги носиме одлуките кои што се потребни, да одиме на бесконечни избори кои што ги гледавме 11 години во државата. Тие не донесоа ништо, државата беше изолирана, државата имаше проблеми со соседите, почна проблеми внатре и на крајот мораше да се носат одлуки  со решение кои што беа полоши од тоа што го имавме во маса во 2011 година. Ние не можеме да супституираме институции значи да укинуваме парламент, да укинуваме политички парти и да одиме на лидерски средби на кои што ќе се разговара за решенија кои не се усогласени со ниту еден закон“,

рече Ковачевски.

Тој кажа дека изборите ќе бидат во законскиот термин, а според роковите, на 12 мај земјата би требало да има нов претседател, а на 15 јули нови пратеници.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Белградско драмско позориште вечерва со претставата „Самрак на боговите“ на РУТА

Следно

Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми

Latest from Blog

Филипче – Кос: Поддршка за откочување на македонскиот евроинтегративен пат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос ја оцени како одлична и многу конструктивна. На својот фб тој напиша дека ја информирал Кос, дека СДСМ останува целосно

Онколошките пациенти таблетарната терапија ќе ја земата од аптеки, но ќе плаќаат партиципација

Наместо да патуваат до Клиниката за онкологија во Скопје пациентите со рак на дојка ќе може да ја подигнуваат таблетарната терапија од аптеките во своето место на живеење. Станува збор за лековите летрозол

Франција го забранува пушењето на повеќето отворени јавни простори

СКОПЈЕ (АА) – Франција воведе забрана за пушење на повеќето отворени јавни простори, меѓу кои плажи, паркови, јавни градини, автобуските постојки, спортски објекти, како и во близина на училишта, библиотеки и базени,

ВИДЕО: Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење!

Пожар кај с. Марвинци во Валандово, гори сува трева и ниска грмушка, информираат од ЦУК. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожар кај с.
Go toTop