Ковачевски и Лога не разговарале во детали за дијалогот со опозицијата за распуштање на Судскиот совет

June 20, 2023
3 mins read

„Во детали немаме разговарано со министерот Лога, тоа е во неговиот ресор, меѓутоа во неговиот ресор е концепциски бидејќи на крајот Собранието ја носи одлуката во однос на законските одредби во судството и телата што ги избира зашто Владата не го избира Судскиот совет, Собранието го избира. Сметам дека треба да се направи ремонт на одредени институции и процеси, па и закони во делот на правосудството бидејќи сите анализи го покажуваат тоа, сите изјави на странски дипломати го кажуваат тоа“, изјави денеска премиерот Ковачевски

Според премиерот Димитар Ковачевски, потребен е ремонт на одредени институции, процеси и закони во делот на правосудството бидејќи, како што вели, тоа го кажуваат сите анализи и изјави на странски дипломати.

Премиерот на РС Македонија, Димитар Ковачевски/Фото: „360 степени“

Премиерот ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на министерот за правда Кренар Лога кој вчера најави дека по контроверзните случувања во Судскиот совет, власта и опозицијата деновиве ќе разговараат за целосно распуштање на ова тело.

Ковачевски вели дека со министерот за правда не разговарале во детали за ова прашање и посочи дека законските одредби за судството и телата што ги избира одлуката ја носи Собранието.

„Во детали немаме разговарано со министерот Лога, тоа е во неговиот ресор, меѓутоа во неговиот ресор е концепциски бидејќи на крајот Собранието ја носи одлуката во однос на законските одредби во судството и телата што ги избира зашто Владата не го избира Судскиот совет, Собранието го избира. Сметам дека треба да се направи ремонт на одредени институции и процеси, па и закони во делот на правосудството бидејќи сите анализи го покажуваат тоа, сите изјави на странски дипломати го кажуваат тоа“,

рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по настанот на кој се одбележаа 70-години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи”.

Сепак, кога станува збор за одговорноста, според премиерот, таа не треба да се генерализира оти, како што рече, таа секогаш има име и презиме.

„Мислам дека во правосудството, како и во секоја организација, има личности кои се врвни професионалци, има луѓе кои се во градење на својата кариера и можат да го унапредат своето работење преку обуки итн. Меѓутоа има поединци, како и во секој систем, кои немаат перформанси на ниво на кое треба да имаат и затоа треба да има систем во правосудството кој ќе може да ја дијагностицира точно одговорноста бидејќи секогаш одговорноста има име и презиме. Не може вие да генерализрате дека не е добро се комплет. Треба да изградат систем во кој ќе може точно да се каже што е добро и да се пофали, што може да се унапреди, да се унапреди, а што е она што навистина не чини да може да се отстрани. Тоа е начинот на кој сите држави ги унапредиле своите системи во секој дел на општеството“,

вели премиерот Ковачевски.

Што се однесува до најавата на министерот за правда за разговори меѓу власта и опозицијата за можноста за распуштање на актуелниот состав на Судскиот совет, Лога вчера рече дека повеќе информации ќе има во текот на следните денови.

 „Тоа што се случи во Судски совет сите нè загрижува и го осудуваме тоа. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија, за кои разговарам и со политичките партии и со власта, е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело… Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите коишто може ние да ги имаме како решение“,

изјави вчера Лога.

На изјавата на Лога вчера реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што наведоа дека таа е доказ дека правосудството е клинички мртво, а за ваквата состојба ја обвинија власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска беа уште поконкретни, па така, пратеничката од редовите на најголемата опозициска партија во Собранието Дафина Стојаноска на прес-конференција во законодавниот дом побара на следната пленарна седница да се отвори точката за состојбата во Судскиот совет, која нејзината партија ја поднела уште минатиот месец.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска/Фото: Принтскрин (Архива)

Стојаноска рече дека ВМРО-ДПМНЕ поднела барање за ставање на точка на дневен ред во Собранието, под име – Информација за состојбите во Судскиот совет и оти Информацијата во собраниската архива била доставена на 3 мај и изгласана како 35. точка на дневниот ред на 115. пленарна седница, која започнала на 10 мај. Стојаноска додаде дека досега се имаат одржано 11 нејзини продолженија, но оваа точка сè уште не стигнала на дневен ред.

„Одговорност за ова мора да има. Затоа, најпрвин бараме ставање на точката за Информација за состојбата во Судскиот совет на дневен ред, уште на првата наредна седница, оставка од Судскиот совет во целост, а потоа и одговорност од Владата. Ова се вистинските проблеми кои ја мачат државата. Одговорност мора да има. Партизацијата и примитивизмот на СДС и ДУИ мора да запрат“,

ја пренесува МИА изјавата на пратеничката Стојаноска.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прогресивците се испоразочараа од сограѓаните муслимани

Следно

Бугарската национална телевизија започна со емитување вести на украински јазик

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop