Коцевски: Премиерот дава политички изјави, не може јавнообвинителска одлука да се заснова само на извештај од ДЗР

December 11, 2024
1 min read

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, на денешниот брифинг со новинарите, ги отфрли обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски, дека институции како МВР, УЈП, финансиската полиција и други, поднесувале стотици пријави до ЈО за сторен криминал во државните институции, но дека Обвинителството не реагира. Според Коцевски обвинителството постапува по сите кривични пријави што ги поднесуваат надлежните органи.

„Тоа е политичка изјава. Дали се стотици пријави, повеќе или помалку од сто, бројката конкретно не можам да ја посочам, меѓутоа можам да кажам дека досега сите извештаи и кривични пријави што ни се доставени од надлежните органи се заведени и по нив се постапува. И Државниот завод за ревизија достави ревизорски извештаи каде евентуално постои сомнеж или индиции за некакво кривично дело и од страна на ЈО се преземаат дејствија по сите до еден извештаи. Соработката ни е одлични и очекуваме наскоро и исход на тие постапки. Но, ревизорски извештај е една работа, а истрага е друго и не може јавнообвинителска одлука да се заснова само на извештај од ДЗР. И сите останати известувања, пријави и поднесоци за евентуални злоупотреби, се заведени во ЈО и се постапува“, рече Коцевски.

Според Коцевски, институтот „допрен глас“ е посебен и ЈО постапува тогаш кога има елементи на кривично дело.

„ЈО два пати постапуваше по допрен глас во Клиничкиот центар, за компресорите и за исклучувањето на фрижидерот со реагенсите, затоа што ЈО се сомневаше за евентуално кривично дело тероризам или саботажа и веднаш постапи. ЈО по допрен глас не може да постапува по секоја информација од медиуми или од партии“, рече Коцевски.

„Премиерот Мицкоски на почетокот на мандатот кажа дека има дупка во државниот буџет од 200 милиони евра. Јас како државен обвинител, со ОЈО Скопје и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ангажиравме двајца обвинители и истражители кои отидоа до Министерството за финансии. За да се истражи тврдењето за дупката во буџетот, ЈО треба да ги земе сите компјутери во Министерството, за да ги собере сите докази, но тогаш државата не може да функционира. Обвинителите ѝ објаснија на министерката за финансии за институтот допрен глас и ѝ беше укажано на кој начин ние може да постапиме. Не е возможно ЈО да постапи по секој допрен глас“, рече обвинителот Коцевски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицевски: За ДУИ сега Уставниот суд е параполитички орган, а сите актуелни 9 уставни судии се избрани во време на владеењето на ДУИ и СДС

Следно

ДЕБИТО НА ГЕОРГИ УНКОВСКИ „ДИЏЕЈ АХМЕТ“ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ САНДЕНС

Latest from Blog

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската

Вашингтон најавува силна поддршка за домашната рударска индустрија

Американската администрација започнува силна кампања за обновување на домашното рударство и металната индустрија, како дел од пошироките напори за реиндустријализација на земјата. Пораката од Вашингтон е дека рударството е неопходно за економскиот

Николоски: Македонија е отворена за швајцарски инвестиции и нови економски партнерства

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер. На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји,

Тоневски: Во тек е санацијата на покривната конструкција на „Никола Карев“ во Пробиштип

Во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип се санира дел од покривната конструкција што беше оштетен од невремето во текот на летото, информира градоначалникот Тони Тоневски. Општина Пробиштип помогнала во подготовката на потребната

Костовски: На урбаната мафија и запревме 50 илјади м² бетон, таму каде што сакаа згради, денес се издига мега-паркот во Бутел (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, објави видео во кое ја покажува локацијата за која, според него, неговите политички противници планирале изградба на станбени објекти со над 50 илјади квадратни метри бетон,
Go toTop