Костовски: Ветувањата стануваат реалност – Бутел 2 добива нов лик со изградбата на модерна детска градинка

November 3, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој на 19 октомври го освои вториот мандат како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од сите жители на општината без разлика на нивната етничка припадност, соопшти дека градежните работи за изградба на новата детска градинка во Бутел 2 се одвиваат со брзо и ефикасно темпо.

„Со големо задоволство известувам дека изградбата на новата детска градинка во Бутел 2 напредува со одлична динамика. Стариот објект, изграден во 1964 година, беше урнат, а на негово место се издигнува нов, модерен и современ објект за нашите деца“, истакна Костовски.

Според него, новата градинка ќе има површина од 1.800 квадратни метри, со три влеза, седум занимални со спални соби и една модерна сала за јасли. Проектот предвидува и посебна просторија за изолација, просторија за медицинска сестра и кујна за подготовка на храна за децата.

Костовски потенцираше дека објектот ќе има капацитет за 200 деца и ќе ги исполнува сите современи стандарди за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

„Ова е капитален проект кој го реализираме по многу години празни ветувања. За жителите на Бутел 2 ова е најголемата инвестиција досега и доказ дека нашата работа не запира“, додаде Костовски.

Градоначалникот исто така нагласи дека проектот претставува доказ за посветеноста кон модерен и современ Бутел, испраќајќи јасна порака дека продолжува со силен ритам за подобра иднина на сите жители – за новиот Бутел што го градиме заедно!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се враќа шармот на старо Скопје: започнува обнова на познатите хотели

Следно

Костовски: Продолжуваме со силна динамика, нова детска градинка во Бутел 2

Latest from Blog

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – едукација за роботско производство и индустриски технологии

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО. Станува збор за девет ученици од образовните профили

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок
Go toTop