Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

September 26, 2025
1 min read

Потпишан договор за нова ултра модерна поликлиника во општина Бутел, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Денес во просториите на Министерството за здравство заедно со министерот Азир Алиу го потпишавме договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова поликлиника во општина Бутел. Ви ветив и ќе остварам! Носител на овој мега проект е општина Бутел, додека Министерството за здравство партнерски ќе учествува во истиот. Историски миг за граѓаните на општина Бутел. Би сакал да му се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега проект. Процесот започна со внимателно проектирање и дизајнирање на новата пликлиника. Здравствените центри мора да исполнуваат строги регулаторни и безбедносни стандарди. Добиваме нова поликлиника која ќе овозможи подобро услови за давање на здравствена заштита. На граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби. Деталниот урбанистички план кој го донесовме, маркицата за новата поликлиника ја предвидува на местото на старата амбуланта, истакна Костовски.

Со изградба започнуваме наскоро и со цело срце го чекам денот кога ќе удриме камен темелник на новата поликлиника. Историски чекори за нашата Општина, додава Костовски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Актерот конечно призна: Консумирав толку многу дрога што дури и картелот престана да ме снабдува

Следно

Поради овие навики никогаш немате пари: Навидум безопасни, но ве оставаат без скршен денар

Latest from Blog

Иран егзекутира човек обвинет за шпионажа за Мосад

„Смртната казна на израелски шпион, кој им обезбедувал на службениците на Мосад слики и информации за чувствителни области во земјата, беше извршена утрово откако помина низ законската постапка и доби одобрение од
Go toTop