Костовски: Бутел добива нова поликлиника, Љуботен добива водовод

October 13, 2025
1 min read

Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина Бутел до редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, при што го изрази задоволството за реализација на 404 проекти во општина Бутел во текот на неговиот четиригодишен мандат како градоначалник, и напомена дека околу 70 од реализираните проекти не беа дел од предизборната програма, и наведе дел од реализираните проекти.

„Целосно коритото на реката Серава го изградивме во должина од 1500 метри, во потегот на Радишани, направивме трим патика, 5000м2 додадовме зеленило, целосно го осветливме тој потег и поставивме клупи. Нов мега парк во Радишани од 10.000м2, две градинките една е целосно завршена, а другата е во една сериозна фаза. Училиштето во Визбегово започна да се гради за време на мојот мандат и се заврши. Направивме револуција во спортот, изградивме 5 спортско рекреативни центри иако најавивме само два, изградивме 13 спортски терени, изградивме плоштад, изградивме 10 детски игралишта. Поликлиниката, историскиот момент за Бутел, е распишан тендерот и водоводот во Љуботен, едно историско барање на граѓаните, го започнуваме за два дена од сега ќе ги поврземе на градски водовод“, објасни Костовски.

Во однос на проектите содржани во програмата за наредниот мандатен период од четири години, Костовски посочи дека се предвидени изградба на три нови градинки, нов културен дом и плоштад во Бутел 1, два паркови на Христијан Тодоровски Карпош и во Радишани.

„Во новата програма предвидовме 3 нови градинки во населеното место Радишани, Визбегово и Бутел 1. Ќе имаме нов базен во Бутел 1, носечка работа за општина Бутел, а тоа е нов културен дом и плоштад во Бутел 1, за неколку дена ќе има и 3Д анимација. Два нови паркови најавувам едниот на Христијан Тодоровски Карпош кадешто заедно со Градот Скопје ќе мора да го направиме и еден ќе го направивме сами во Радишани“, рече Костовски.

Тој додаде дека со оглед на фактот дека во мандатот што следи најголемиот дел од капиталните проекти се завршени или во фаза на правење, ќе се работи и на атмосферската и на фекална канализација во општината.

Костовски посочи дека општина Бутел во текот на неговиот мандат не издала дозвола за ниту една изградба за зграда, иако притисоци постоеле, а сето тоа во насока на спречување на урбаниот хаос во општината и рече:

„Одолеав на секој притисок на урбаната мафија за општина Бутел да остане мирна општина и да продолжи да владее маалскиот тип на живот и цврсто стојам зад барањето на граѓаните општина Бутел да не е бетонизирана во ниедна смисла на зборот“, заклучи Костовски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски најави подобра комуникација со бизнис-секторот во Визбегово

Следно

Венера во Вага: Време е за рамнотежа, љубов и убавина

Latest from Blog

Џенифер Лоренс изгубила улога во филм на Тарантино- не била доволно убава (ВИДЕО)

Дури и актерките од А-листата можат да се соочат со одбивање врз основа на критериуми кои немаат никаква врска со актерските способности. Токму такво искуство неодамна го опиша една од најпознатите актерки

За малку ќе беше како Реал така и Барса, ама Феран Торес и Хоан Гарсија ги спасија каталонците од срам!

ФОТО: FC Barcelona/FB Малку, многу малку недостигаше за нова сензација, само среќата ја спаси Барселона од срамна елиминација во 1/8 финалето во Копа дел Реј. Барселона со 0:2 славеше кај Расинг Сантандер

Мицкоски утре во посета на Кратово, ќе изврши увид целосно реконструираната спортска сала

Ве известуваме дека утре 16.01.2026 година во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе оствари посета на целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово, информираат од прес службата

“Бомба“ од Германија: Јирген Клоп сериозно размислува да се врати на тренерската работа, има две опции!

ФОТО: Јurgen Klopp/X И тоа каква “бомба“ од Германија. Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, сериозно размислува да ја продолжи тренерската кариера и е сосема реална опција за нов тренер на Реал

Неофицијално: Над 10 лица уапсени во голема полициска акција за даночно затајување

Неофицијално, повеќе од 10 лица се уапсени во големата полициска акција што попладнево се спроведува на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување. Според
Go toTop