Костовски: Бутел добива нова модерна поликлиника. Ви ветив и ќе остварам! (ФОТО)

October 2, 2025
1 min read

Во општина Бутел започна постапката за тендерирање за изградба на новата модерна поликлиника, голем проект кој ќе ги трансформира здравствените услуги за жителите на оваа општина. Веста ја соопшти градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, воедно и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, кој заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, ја информираа јавноста за овој историски чекор.

„Ви ветив и ќе остварам! Ова е историски момент за граѓаните на Бутел. Многу скоро започнуваме со изградба на новата поликлиника“, истакна Костовски, заблагодарувајќи му се на премиерот Христијан Мицкоски за поддршката на овој мега проект.

Новата поликлиника ќе понуди современи услови за широк спектар на здравствени услуги: ординации за општа медицина, педијатрија, гинекологија, невропсихијатрија и физикална медицина. Исто така ќе има кабинет за радиологија со РТГ и ехо, модерен лабораториум, аптека, како и итна медицинска помош и ноќна нега.

Според Костовски, овој проект, предвиден во урбанистичкиот план усвоен на 16 февруари 2024 година, ќе се изгради на локацијата на поранешната стара амбуланта.

Костовски дополнително нагласи дека изградбата ќе започне многу скоро и дека со нетрпение го очекува денот кога ќе се постави камен-темелникот на оваа инвестиција која ќе означи ново поглавје за здравството во Бутел.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски најавува нови сообраќајни и инфраструктурни проекти во Гази Баба

Следно

Ѓорѓиевски најавува нови проекти за подобрување на животот на пензионерите

Latest from Blog

Февруари со надолен тренд на цените на мало

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, цените на мало во февруари 2026 година се намалени во споредба со јануари. Индексот на цените на мало изнесува 99,7, што значи пад од
Go toTop