Костов: Раде Силјан – Уникатната поезија на Гласникот на времето (1.дел)

December 31, 2025
2 mins read

Годинава Раде Силјан изоди 75 години живот, а 50 од нив твореше, обемно и квалитетно. Најмногу поезија, која е неговата примарна и главна животна определба. Покрај поезијата се бави и со критика, пишува есеи, уредува антологии и христоматии, преведува дела од други јазици и издава книги. Има напишано триесетина книги поезија: од првата, Третиот лик на времето(1957), преку Сенки на јавето(1980), Гласник(1989), Заѕидување на сенката(1990), па Врвови(2008), Кругови(2009), Завештанија(2010), Молитвење(2011), Молитва за Македонија(2015), Триптих за Македонија(2018), Што ќе речат нашите внуци(2018), Туѓинец во својата земја(2023) и многу други. Напиша 12 книги критики и есеи, антологии 15-тина, 8 христоматии и 30-тина преведени дела од други јазици.

Книгите му се преведени на 16 странски јазици. Добитник е на бројни награди(23), домашни и странски, како Кочо Рацин, Браќа Миладиновци, 11 Октомври, Свети Климент Охридски, Најдобра книга на годината, Гоцева повелба, Награда за најдобра критика и сл.

Инаку, Раде Силјан е роден 1950г. во с.Жван, Демирхисарско, Република Македонија. Во родното место го завршува основното образование, гимназијата во Битола, а во Скопје дипломирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“. Работел како новинар во повеќе списанија и Радио Скопје. Бил главен уредник на Третата програма на Македонското радио и генерален директор на издавачката куќа “Мисла“. Оснивач и главен уредник е на Книгоиздателството “Матица македонска“, Скопје.

Раде Силјан е современ македонски поет, за чие поетско творештво пишувале 30-тина македонски и странски критичари, меѓу кои и: Матеја Матевски, Петар Т.Бошковски, Данило Коцевски, Гане Тодоровски, Христо Георгиевски, Веле Смилевски, Науме Радичевски, Димитар Пандев, Тодор Чаловски, Луан Старова, Миодраг Друговац, Ташко Ширилов, Ефтим Клетников, Паскал Гилевски… Неговата поезија е окарактеризирана како “самосвојна поетика“, “јасна творечка концепција“, “отворена поетика“, “уникатна поетика“, “поезија на тегоба и предупреда“, “поезија на јанѕата и надежта“… Тој како поет пак е наречуван “гласник на јанѕата“, “гласник на времето“, “поет загледан во небиднината“, “македонски голем лиричар“, “последниот македонски гуслар“… епитети и суперлативи, кои го дефинираат како стожерен македонски поет. Затоа, тој после 50 години творештво е столб на македонската поезија и стожер на книжевноста.

Раде Силјан е поет чиј крст е Македонија, ѕвезда македонскиот народ. Неговата поезија е татковинска. Поетскиот говор му е суптилен, понира во најдлабоките дамари на човековата душа, го допира и растреперува срцето, и навлегува во сферата на трансценденталното. Во право е речта на критичарот кога вели дека тоа е поезија која копа, трепери и врие, вечно навлегната дури во деветата врата на поезијата. Пред пет години јас тој вид на поезија го нареков Радесилјановски концепт и стил на поезија. Поезија која го дефинира националниот карактер на Македонците. Го слика македонскиот дух и на преден план ги истакнува особините и одликите на македонската душа(напатена, измачена). Дефинитивно, Раде Силјан е концептуален поет, бидејќи 50 години создава Силјанова поезија, која е пред се пеење и поетика. Во неа е сето наше духовно богатство на родот, неговото величие и слава. Неговите поетски слики, симболи и метафори се многу моќни, а пораките јасни, концизни и предупредувачки. Пораките му се адресирани до поетите, пријателите, Македонецот, Македонците, народот македонски, сите деца од минатото, сегашноста и иднината…

Инаку, конкретната анализа на Радесилјановската поезија би ја започнал со сега веќе легендарната песна Портрет на еден Македонец. Тоа е песна, поетска вивисекција на секој еден од нас поединечно и на сите нас заедно. Поетот пее дека дење нашиот човек сонува, а ноќе боледува. Патува на Исток, ама гледа на Запад… За минатото пее, од сегашноста страда… Пред портите на мракот коленичи и моли…Прокуден од Господа, на уво од спомени спие. Со глас пророчки, ко пес самотник вие…Со пелин душа, во друг свет се сели… И кај да оди, и кај да бега, од канџите на судбината, нема да се скрие…Пред пеењето на песната поетот го прашува Господ: ќе не спасиш ли Господе, или ќе не заборавиш, како што ги заборави Хазарите, во едно дамнешно време. Ете, тоа сме ние Македонците, и такви сме. Поетот грижно го моли Севишниот да не заштити. И така, поетот како патник, со таа вечна болка, од Третиот лик на времето, од 1973-тата, ќе стигне во 2025-тата, кога преку Лажно време, ќе ни запее “во ова време на мрсулави мажи, на недоспани жени, на празни лејки, на разголени тела…во време на прокуди, на луди коњи, на аздисани деца, на лажни спомени…и поетски ќе ни го наслика лажното(денешно) време.

(продолжува)

 

Сотир Костов

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новогодишна честитка од Македонски весник „Илинден“ за 2026 година

Следно

Совршен десерт за студени денови: Зимски „Crumble“ од јаболка и овесни снегулки

Latest from Blog

Градоначалникот Тоневски: Мир, здравје и благосостојба во новата година (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати искрени честитки до сограѓаните по повод Новата година и Божикните празници. Во своето обраќање, тој посака добро здравје, мир, љубов и благосостојба во домовите на

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024

Традиционалните, но и модерните имиња продолжуваат да бидат избор на родителите, кои сè почесто се одлучуваат за кратки и звучни имиња со силно значење. Државниот завод за статистика (ДЗС) во својата публикација  „Северна

Совршен десерт за студени денови: Зимски „Crumble“ од јаболка и овесни снегулки

Овој зимски „crumble“ е совршен десерт за студени денови – топол, ароматичен и хранлив. Комбинацијата од сочни јаболка, цимет и крцкав овесен посип создава баланс помеѓу удобност и здравје, а се подготвува

Новогодишна честитка од Македонски весник „Илинден“ за 2026 година

Редакцијата на Македонски весник „Илинден“ упати искрени честитки по повод Нова 2026 година до своите верни читатели и до сите граѓани ширум светот. Почитувани читатели,Благодариме за вашата поддршка, доверба и интерес што
Go toTop