Костадиновска-Стојчевска: Лажете, ако имате докази покренете постапки, а не да дефокусирате од вашите скандали

August 25, 2024
1 min read

„Додека народот чека ВМРО-ДПМНЕ да почне нешто да работи како власт и да ги исполни изборните ветувања, тие снимаат прес-конференции на кои со драматично изнесување на лаги сакаат да ја дефокусираат јавноста од нивните скандали кои ја тресат актуелната власт“, реагираше пратеничката и поранешна министерка за култура Бисера Косатдиновска-Стојчевска на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека за лични потреби го зоупотребувала буџетот.

Таа истакнува дека „за да ја сокријат неспособноста на нивната влада и досегашните злоупотреби на службената положба на нивните коалициски партнери, ВМРО-ДПМНЕ на многу низок начин, со фабрикување лаги се обидува преку поранешни функционери на СДСМ да избегне одговори и одговорност во своите редови“.

„Доколку имаат било каква индиција за криминал односно криминално работење од моја страна во Министерството за култура ги охрабрувам да поведат постапка пред надлежните инстанци. Бидејќи нема, затоа ВМРО-ДПМНЕ се реши на прес конференции да лови во матно каде нема ниту едно прекршување на законите и со ширење на невистини“, нагласува Костадиновска-Стојчевска во својата реакција.

Во прилог таа денеска објаву еден од доказите од кои се гледа дека не користела буџетски средства, ниту службена картичка за купените куфери.

„Министерот Љутков и неговиот тим, близок до нивна поранешна министерка позната по купување на брендирани чевли, ташни и фустани, нека се занимаваат со македонската култура наместо да губат време на гуглање на продавници од каде сум купувала за правење драми пред јавноста“, реагираше пратеничката и поранешна министерка за култура Бисера Косатдиновска-Стојчевска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во гаснење на пожарот на планината Мукос утре ќе се вклучат воздухоплови и припадници на Армијата и МВР

Следно

ПМФЛ: Шкупи го совлада Вардар, Работнички подобар од шампионот

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop