Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

February 5, 2026
1 min read

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Тој додаде дека Куба и САД сè уште не воспоставиле „билатерален дијалог“, но оти имало „одредена размена на пораки“, кои пристигнале до највисокото ниво на кубанската Влада.

Изјавата на Косио е во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Хавана за промена на режимот.

Американскиот државен секретар Марко Рубио пред неколку дена изјави дека САД „сакаат да видат“ промена на режимот на Куба.

Администрацијата на Трамп го зголемува притисокот врз Хавана, обидувајќи се да ја прекинат испораката на нафта. Куба се снабдува со нафта од Венецуела, но по американското апсење на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, нарушена е испораката.

САД минатата недела се закани со зголемување на царините за државите кои извезуваат нафта во Куба, со образложение дека Хавана претставува „исклучителна закана“ поради тоа што им пружа засолниште на „непријателските држави и злонамерни актери и нивните воени и разузнавачки капацитети“.

– Куба не претставува закана по САД. Не е агресивна, не е непријателски расположена. Не крие и не спонзорира тероризам … Доколку САД сакаат соработка во борбата против трговијата со дрога, Куба може да помогне. И претходно сме помогнале и можеме да продолжиме да помагаме, со оглед на трговијата што се одвива во регионот, истакна Косио.

Тој ги повика САД да ја ублажат кампањата на притисок, бидејќи „економската принуда што ја трпи Куба е еднаква на воена состојба“.

Куба се соочува со постојани прекини во снабдувањето со електрична енергија и недостиг на бензин. Кубанските власти за таквата состојба ги обвинуваат постоечките американски економски санкции, додека критичарите наведуваа дека тоа е поради недоволното вложување во инфраструктурата.

Трамп, претходно, изјави дека Куба може да го избегне целосниот прекин на снабдување со нафта ако се постигне договор, кој би вклучувал враќање на одземениот имот на кубанските бегалци, кој ја напуштија земјата по револуцијата во 1959 година.

Американскиот претседател пред четири дена најави дека и Мексико ќе ја прекине испораката на нафта за Куба. Но, Мексико вчера изјави дека договорот со Куба сè уште е во сила, и оти бара алтернативни начини да и помогне на Хавана да ги избегне последиците од американските царини. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски (ВИДЕО)

Следно

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop