Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

July 1, 2025
1 min read

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување.

На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Кос истакна дека идентитетот не се решава на маса за преговори, туку се носи во „душата и срцето“.

„Идентитет е и манастирите, и погачата, и тавче-гравче, пинџурот, полнетите пиперки… тоа никој не може да ви го одземе. ЕУ е заедница на различности и токму преку членството во ЕУ се заштитува идентитетот, културата и јазикот“, рече Кос, додавајќи дека и Словенија, како мала земја, по влезот во ЕУ успеала да го зачува својот јазик како еден од официјалните во Унијата.

Изјавата доаѓа во контекст на најновото барање на Бугарија, во извештајот на Европската комисија да се внесе формулацијата „модерен македонски јазик“.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, подвлече дека идентитетот не може да се сведе само на гастрономија и традиција, туку и на историските личности и настани.

„За мене идентитетот се Гоце Делчев, Кузман Шапкарев, браќата Миладиновци, Илинденското востание, Дамјан Груев, Јане Сандански… Не сум сигурен дека колегите од исток ќе го споделат ова гледање, но тоа се луѓето што го градат нашиот македонски идентитет“, рече Мицкоски.

Состанокот ЕУ – Западен Балкан во Скопје се одржува во критичен момент за проширувањето и во време кога прашањето за македонскиот идентитет повторно станува дел од политичките дебати во Брисел.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кос: Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците

Следно

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на
Go toTop