Кордалов: Реториката во предизборието ќе се заострува

March 22, 2024
1 min read

Голем број од кандидатите за претседател деновиве меѓусебно се канат на дебати, соочувања, па и ифтарски и велигденски вечери, но според комуниколозите, вжештената предизборна реторика нема да доведе до правилна презентација на нивните идеи и модерна европска кампања. Комуникологот Бојан Кордалов вели дека ако денот по утрото се познава, претстојниов период може да се очекува уште посилна реторика, како и радикална црна кампања.

„Ако се обоиме со црна кампања, не може да се остави простор за коректна, нормална, стандардна комуникациска кампања. Минатите претседателски избори можевме да видиме коректна комуникација помеѓу кандидатите. Јас се надевам дека тоа ќе се случи и сега, меѓутоа се плашам дека развивањето и текот на наративот којшто го слушаме сега, нема да овозможи буквално никој да остане имун на користење на недозволиви комуникациски средства“, рече Кордалов.

Прашан за испраќањето на пораката до гласачите за парламентарните избори, Кордалов вели дека партиите мора да ги вклучат граѓаните во пишувањето, но и во спроведувањето на изборните програми. Според комуникологот, партиите сега единствено оставаат впечаток дека ги интересира останувањето или добивањето на власта, а не и суштинските промени и бенефити за граѓаните.

„Очекувам со ова темпо да има назадување во политичката комуникација и култура во делот на изборите. Секои избори кои ќе се прикажуваат како „живот или смрт“ нема да донесат ниту добра кампања, ниту добра реторика, ниту бенефит за граѓаните. Втората работа, граѓаните покажуваат далеку поголема зрелост од политичките партии и тоа треба да ги замисли партиите каде се движат, дали се прилагодуваат на потребите и дали вооошто оставаат впечаток дека главен приоритет им се граѓаните“, додава Кордалов.

Последната кампања, за парламентарните избори во 2020-тата година, според Извештајот на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР била одбележана со негативна реторика за сметка на посуштинска дебата. Од Мисијата нотираа дека рекламите на најголемите партии содржеле лични напади кон политичките опоненти.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бог да ме прости“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по информациите дека починала

Следно

Пецник: Изборите во Хрватска ќе бидат најнеизвесните досега

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop