Копретседавачите на македонско-бугарската комисија го усогласуваат терминот за следниот состанок

September 18, 2024
1 min read

Копретседавачите на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, Ванчо Ѓорѓиев од македонска страна и Ангел Димитров од бугарска, го усогласуваат датумот за одржување на следниот состанок на ова тело, кое произлезе од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

– Во текот на вчерашниот ден официјално испратив иницијален мејл до бугарскиот копретседавач Ангел Димитров за утврдување на датум за претстојната средба. Датум се договара заеднички меѓу двајцата копретседатели за да се усогласат термините за одржување на средбата. Денеска добив повратен мејл во кој тие замолуваат дека им се потребни меѓусебни консултации за да се усогласи терминот, изјави за МИА копретседавачот од македонскиот состав на Комисијата, Ванчо Ѓоргиев.

Владата минатата недела го смени составот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, а на местото на Драги Ѓорѓиев, како копретседавач го именуваше Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет, како и Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Александар Литовски (поранешен член кому претходната влада не му го продолжила договорот), Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје и Димитар Љоровски (и претходно беше член), историчар, вработен во Институтот за национална историја.

Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, а досега усвои препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во двете земји.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сестра Ефимија: Во демократски свет не смееме да изразуваме верски тоталитаризам

Следно

Две деца меѓу загинатите во експлозиите на пејџери во Либан

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop