Копал за да најде црви, кога открил огромно богатство- 6 килограми сребро, старо илјада години

October 14, 2025
1 min read

Сепак, наместо овие суштества, тој ископал нешто многу поголемо од земјата.

Пронашол бакарен котел со едно од најголемите сребрени богатства откриени некогаш во Шведска.

Откритието тежи 6 килограми, а меѓу пронајдените предмети има претежно сребрени монети, но и сребрени прстени, привезоци, монистра…

Пронаоѓачот веднаш го пријавил своето откритие на локалните власти, а сега археолозите го истражуваат местото и монетите, монистрата, прстените и привезоците што го сочинуваат ова богатство, соопшти округот Стокхолм.

– Ова е веројатно едно од најголемите сребрени богатства од средниот век пронајдено во Шведска. Точниот број на монети сè уште не е познат, но мислам дека може да има до 20.000. Повеќето од предметите се добро зачувани, но бакарниот котел во кој биле, за жал, не е толку добро зачуван – изјави Софија Андерсон, кустос на округот Стокхолм.

Сребрените монети датираат од 12 век. Некои од монетите се ковани со текстот „KANUTUS“, што на латински значи Кнут. Тие се од времето на кралот Кнут Ериксон, кој владеел од 1173 до 1196 година.

Неколку монети се необични. Во текот на средниот век, во Европа биле ковани таканаречени бискупски монети. Богатството содржи неколку такви монети на кои е прикажан бискупот како држи стап во десната рака.

По налог на округот Стокхолм, археолозите сега работат на истражување и документирање на наодите. Објавувањето на локацијата на локалитетот е одложено додека не се заврши истражувањето. Властите на округот Стокхолм, исто така, ќе го пријават археолошкото откритие до Шведскиот одбор за национално наследство, кој ќе одлучи дали државата треба да го купи богатството или да му плати надомест на пронаоѓачот.

– Пронаоѓачот постапил правилно што нè контактирал. Според Законот за културно наследство, секој што ќе најде археолошко наод е должен да ѝ понуди на државата да го купи за одредена такса – рече Софија Андерсон.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СП: Србија со пресврт ја совлада Андора, Англија и Италија убедливи

Следно

Новиот албум на Тејлор Свифт урива рекорди- ја надмина Адел, па дури и себеси (ВИДЕО)

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop